Едмунд Берк (; — ) — ирски државник роден во Даблин, исто така и писател, оратор и политички филозоф, кој по преселувањето во градот Лондон (1750) служел и како пратеник во Парламентот на Англија во период од 1766 до 1794 година, во Долниот дом.

Берк бил многу влијателен во политичката сфера во Велика Вританија, тој ги застапувал ставовите на црквата и давал важност на религијата како дел од моралниот живот.Richard Bourke, Empire and Revolution: The Political Life of Edmund Burke (Princeton University Press, 2015), passim. Овие негови гледишта се прикажани во неговата книга „Оправдување на природното општество“. Берк бил голем критичар на британскиот третман кон американските колонии, вклучувајќи ги и суровите даночни политики кои ги наметнувала круната. Познат е како голем поддржувач на правата на колонистите и сметал дека тие треба да се спротивстават на централната власт.

Тој бил поддржувач на реформите и верувал дека суверенитетот треба да му припадне на народот, а не на кралот.

Во книгата „Размисли за Француската револуција“, Берк вели дека Француската револуција го уништува ткивото на доброто општество, традиционалните институции на државата и го осудува прогонот на Католичката црква кој резултирал од револуцијата. Ова ќе го направи да стане клучна политичка фигура во кругот на конзервативците.

Негов политички противник бил Чарл Џејмс Фокс.Во времето на Берк поимите „конзервативен“ и „либерален“ сè уште не се однесувале на политички идеологии, вид. J. C. D. Clark, English Society, 1660–1832(Cambridge University Press, 2000), pp. 5, 301.

Берк ќе биде запаметен по големата поддршка кој ја дал на католичката еманципација, импичментот на Ворен Хејстинг и по цврстото спротивставување кон успехот на Француската револуција.

Во деветнаесеттиот век, Берк ќе добие јавно признание за неговото значење во сферата на политиката од страна на конзервативците, но и од либералите. Потоа, во XX век тој ќе биде широко прифатен како основач на современиот конзервативизам.Andrew Heywood, Political Ideologies: An Introduction. Third Edition(Palgrave Macmillan, 2003), p. 74.

Наводи

Категорија:Британски филозофи Категорија:Британски политичари Категорија:Ирски филозофи Категорија:Ирски политичари Категорија:Луѓе од Даблин Категорија:Родени во 1729 година