Хаџе Шамсудин Мухамад Хафезе Ширази (), познат по неговиот псевдоним Хафез ( Ḥāfeẓ "меморист, чувар", 1315-1390) — персиски поет кој пишувал за "радостите на љубовта и виното, но исто така го напаѓал верското лицемерство." Неговите дела се сметаат за врвот на персиската литература и често се наоѓаат во домовите на луѓето од персиското говорно подрачје, кои ги учат неговите песни и сè уште ги користат како поговорки и изреки. Неговиот живот и неговите песни биле предмет на многу анализи, коментари и интерпретации и тој влијаел врз персиската литература по 14 век повеќе од било кој друг автор.Yarshater. Accessed 25 July 2010.Aga Khan III, "Hafiz and the Place of Iranian Culture in the World" , November 9, 1936 London.

Хафез, кој беше поет од 14 век во Иран, е најдобро познат по неговите песни кои можат да се опишат како "антиномски""Hafez’s Poetic Art". Encyclopaedia Iranica. http://www.iranicaonline.org/articles/hafez-iii Accessed August 23, 2016. и со средновековниот термин "теозофски"; терминот теозофија во 13 и 14 век се однесувал на мистични дела од "автори инспирирани само од светите книги". Хафез првенствено пишувал лирска поезија, кој е идеален стил за изразување на екстазата на божествената инспирација во мистичната форма на љубовни песни.

Теми на неговите газали се саканата, верата и изложувањето на лицемерието. Во неговите газали тој се занимава со темите за љубовта, виното и таверната, сите од кои ја презентираат екстазата и слободата од ограничувањето, или во форма на вистинско светско ослободување или во гласот на љубовникот“Hafez’s Poetic Art" Thematics and Imagery." Encyclopaedia Iranica. http://www.iranicaonline.org/articles/hafez-iii Accessed 2016-08-23. Also Shaida, Khalid Hameed (2014). Hafiz, Drunk with God: Selected Odes. Xlibris Corporation. p. 5. . Accessed 2016-08-23. зборувајќи за божествена љубов.Shaida, Khalid Hameed (2014). Hafiz, Drunk with God: Selected Odes. Xlibris Corporation. p. 5. . Retrieved 2016-08-23. Неговото влијание во животот на персиските говорници може да се најде во "Хафезните читања" (fāl-e hāfez, ) и честата употреба на неговите песни во персиската традиционална музика, визуелна уметност и персиската калиграфија. Неговиот гроб е често посетуван. Адаптации, имитации и преводи на неговите песни постојат на сите главни јазици.

Живот мини|Дублура во копија од Диванот на Хафез од 19 век. Предната дублура го покажува Хафез нудејќи го делото на патронот. Хафез е роден во Шираз, Иран. Неговите родители биле од Казерун, Фарс. И покрај неговото големо влијание врз персискиот живот и култура и неговата долговековна популарност и влијание, многу малку детали се познати за неговиот живот. Описите на неговиот ран живот се потпираат на традиционалните анегдоти. Раните тазкири (биографски скици) кои го споменуваат Хафез генерално се сметаат за недоверливи.Lit. Hist. Persia III, pp. 271-73 Од рана возраст, тој го меморизирал Куранот и му беше дадена титулата Хафез, што тој подоцна ја користел како псевдоним. Предговорот на неговиот Диван, во кој се дискутира неговиот ран живот, е напишан од непознат современик кој се смета дека е Мохамед Голандам.Khorramshahi. Accessed 25 July 2010 Двете најпознати и највисоко ценети современи изданија на Диванот од Хафез биле составени од страна на Мохамед Газвини и Ќасем Гани (495 газали) и од Парвиз Нател-Канлари (486 газали).Lewisohn, p. 69.Gray, pp. 11-12. Gray notes that Ghazvini's and Gani's compilation in 1941 relied on the earliest known texts at that time and that none of the four texts they used were related to each other. Since then, she adds, more than 14 earlier texts have been found, but their relationships to each other have not been studied.

Современите научници главно се согласуваат дека Хафез е роден или во 1315 или во 1317; според прибелeшката од Џами, 1390 се смета за годината кога тој починал.Lewisohn, p. 67 Хафез беше поддржан од страна на патронажната служба на неколку последователни локални режими: Шах Абу Ишаќ кој дојде на власт кога Хафез беше млад; Тамерлан при крајот на неговиот живот; и дури строгиот владетел Шах Мубариз уд-Дин Мухамед (Мубариз Музафар). Иако неговото творештво расцветало најмногу под 27-годишното владеење на Џалал уд-Дин Шах Шуџа (Шах Шуџа),Gray, pp. 2-4. се тврди дека имало тензии меѓу Хафез и Шах Шуџа бидејќи Хафез се потсмевал на инфериорните поети (Шах Шуџа самиот пишувал поезија и е можно да ги прифатил коментарите лично), принудувајќи го Hāfez да избега од Шираз во Исфахан и Јазд, но нема никакви историски докази за ова на располагање. Се вели дека кога тој бил во дворот на Тамерлан, Хафез напишал газала според која ако Турчинката ја прифати неговата чест;

За црната бемка на нејзиниот образ

Јас би ги дал градовите Самарканд и Бухара

Тамерлан како одговор на овој стих му рече; "Со ударите на мојот цврст меч јас го освоив поголемиот дел од светот со цел зголемување на Самарканд и Бухара, моите метрополи и живеалишта; а ти кутро суштество би ги зменил овие два града за бемка". Хафез одговорил: "О, Владетеле на светот; Од оваа држава со таква великодушност јас бев редуциран, како што можете да ја видите мојата сегашна состојба на сиромаштија." Се тврди дека кралот бил изненаден од духовитиот одговор и поетот си заминал со прекрасни подароци.

Неговиот мавзолеј, Хафезиех, се наоѓа во Мусаланските Градини на Шираз.

Легенди лево|мини|Диванот на Хафез, со персиски животопис на лево и газали во Насталик на десно. Потпишан од страна на Шах Ќасем, 1617. Националниот музеј на Иран, Техеран, Персија. Многу получудесни митски приказни биле исткаени околу Хафез по неговата смрт. Се вели дека слушајќи ги рецитациите на неговиот татко, Хафез го научил Куранот наизуст на рана возраст (што е и значењето на зборот Хафез). Истовремено, се вели дека тој ги знаел на памет делата на Руми (Џалал ад-Дин Мухамед Балкхи), Саади, Фарид уд-Дин и Низами.

Според една традиција, пред состанокот со неговиот патрон Хаџи Зејн ал-Атар, Хафез работеше во пекарница, доставувајќи леб во еден богат кварт од градот. Таму, тој за првпат ја виде Шакх-e Набат на која тој ги посвети некои од неговите песни. Возвишен од нејзината убавина, но знаејќи дека неговата љубов за неа нема да биде возвратена, тој наводно ја одржа својата прва мистична вигилија со желба за остварување на оваа унија. Сепак, тој се сретнал со суштество со неопишлива убавина кој се идентификувал себеси како ангел и неговите понатамошни обиди за остварување на унијата станале мистични; желба за духовно единство со божественото. Еден западен паралел е "Пеколот" и Беатриче.

На 60-годишна возраст, се вели дека тој дозна за Чила-нашини, вигилија од 40-дена и ноќи направена седејќи во круг што тој го нацртал. На 40-тиот ден, тој повторно се сретна со Зејн ал-Атар на нивната четиридесета годишнина и му беше понудена чаша вино. Се вели дека во тој момент тој постигнал "Космичка Свест". Тој поткажува за овој настан во еден од неговите стихови, во кој му препорачува на читателот да постигне "јасност од виното" со тоа што ќе го остави да "отстои 40 дена".

Иако тој скоро никогаш не патувал надвор од Шираз, во една приказна, Тамерлан луто го повика Хафез да одговара за еден од неговите стихови:Самарканд беше престолнината на Тамерлан, а Бухара беше меѓу најдобрите градови. "Со ударите на мојот цврст меч", Тамерлан се пожали, "го имам потчинето поголемиот дел од населениот свет... да ги облагородам Самарканд и Бухара, седиштата на моето владеење; а ти ќе ги продадеш за црна бемка на некоја девојка во Шираз!"

Хафез се поклони длабоко и му одговори: "За жал, О принце, токму оваа блуднина е причината за мизеријата во која ќе ме најдете". Толку изненаден и задоволен беше Тамерлан од овој одговор што го отповикал Хафез со убави подароци.

Влијание десно|мини|Дистих версифициран од Хафез во Насталик.

Интелектуално и уметничко наследство Хафез беше фален ширум исламскиот свет за време на неговиот живот, со што другите персиски поети ги имитирале неговите дела и тој бил со постојани понуди од патронажната служба од Багдад до Индија.

Неговите дела за првпат биле преведени на англиски јазик во 1771 година од страна на Вилијам Џонс. Тоа оставило белег на повеќе западни писатели вклучувајќи ги Торо, Гете и Ралф Валдо Емерсон (последниот познат како "поет на поетите"). Карактерот на Сер Артур Конан Дојл, Шерлок Холмс, тврди дека "има толку многу смисла во делата на Хафез и Хорациј, колку што има знаење во светот" (во Случајот за идентитетот). Фридрих Енгелс го споменува во писмо од 1853 до Карл Маркс:

Во современата иранска култура Хафез е најпопуларниот поет во Иран и неговите дела можат да се најдат во речиси сите ирански домови. Всушност, 12 октомври се слави како Денот на Хафез во Иран.Hossein Kaji, "Hafez’s incomparable position in Iranian culture: October 12 is Hafez Day in Iran" , Mehrnews. Tehran Times Opinion Column, October 12, 2006. мини|Катами со Фатамех Мотамед-Арија во 2007 година за време на Јалда користејќи го Диванот на Хафез за предвидување на иднината. Дваесет години по неговата смрт гробот Хафезиех беше подигнат во чест на Хафез во Мусаланските Градини во Шираз. Тековниот мавзолеј беше дизајниран од страна на Андре Годард, француски археологист и архитект на крајот од 1930-тите. Гробот бил подигнат на даис среде градини со рози, водни канали и зелени дрвја. Внатре, има алабастерски саркофаг на Хафез кој носи натпис на две негови песни. Неговиот гроб е "преполн со обожаватели" кои го посетуваат местото и атмосферата е "празнична" со пеење и рецтирање на омилените песни на Хафез од страна на посетителите.

Многу Иранци го употребуваат Диванот на Хафез за предвидување на иднината. Иранските семејства обично го имаат Диванот на Хафез во својот дом и кога се заедно во текот на празниците Новруз или Јалда, го отвораат Диванот на случајна страница и ја читаат песната на неа која тие веруваат ќе биде показател за нештата што ќе се случат во иднината.:fa:حافظ

Не постои дефинитивна верзија на неговите собрани дела (или Dīvān); изданијата се разликуваат по бројот на песните - од 573 до 994. Во Иран и Авганистан, неговите собрани дела се користат како помош при популарната дивинација.Massoud Khalili#September 9, 2001 Massoud Khalili speaking to BBC correspondent Lyse Doucet Дури од 1940 година почнале научните обид (од Масуд Фарзад, Ќасим Гани и други во Иран) направени за идентификување на неговите дела и отстранување на грешките воведени подоцна од оние коишто ги копирале и од цензорите. Сепак, доверливоста на ова е во прашањеMichael Hillmann in Rahnema-ye Ketab, 13 (1971), "Kusheshha-ye Jadid dar Shenakht-e Divan-e Sahih-e Hafez" и според научникот на Хафез - Ираџ Башири, "останува малку надеж дека од таму (т.е. од Иран) ќе произлезе автентичен диван"."Hafiz' Shirazi Turk: A Structuralist's Point of View" Дури и библиотеки во Азербејџан, Ерменија и Грузија го имаат неговиот Диван.

Во иранската музика Многу ирански композитори компонирале дела инспирирани од или врз основа на поезијата на Хафез. Меѓу иранските пејачи, Мохсен Намџу има компонирано музика и вокали за неколку од песните, како што се Золф, Дел Миравад, Намех и други. Хајадех ја извел песната "Падешах-e Кхубан" со музика од Фарид Золанд. Мохамед-Реза Шаџаријан ја извел песната "Дел Миравад Зе Дастам" со музика од Парвиз Мешкатијан. Отоманскиот композитор Бухуризаде Мустафа Итри го компонирал неговиот магнум опус Нева Кар врз основа на една од песните на Хафез. Полскиот композитор Карол Шимановски ја компонирал Љубовите песни на Хафез врз основа на германскиот превод на песните на Хафез.

Во авганистанската музика Многу авганистански пејачи, вклучувајќи ги Ахмад Захир и Сарбан, компонирале песни како што се "Ај Падешах-e Кубан", "Гар-Зулф Парајшанат" и други врз основа на песни од Хафез.

Интерпретација лево|мини|Статуа на Хафез на улица именувана според него, во Техеран.