Бад Залцдетфурт () — мал град во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е сместен на бреговите на реката Ламе.
Градското подрачје во денешните граници е создадена со општинската реформа во 1974 година со спојување на дванаесет општини.
Бад Залцдетфурт се наоѓа околу 11 километри јужно од Хилдесхајм. Соседни големи градови се Залцгитер (околу 24 км североисточно), Хановер (39 км северно) и Брауншвајг (околу 42 км североисточно).
Географија Местоположба
мини|250п|лево|Воздушен поглед на градот Бад Залцдетфурт
Бад Залцдетфурт се наоѓа на Висорамнините Инерсте, дел од Долносаксонките ридови.Bundesamt für Naturschutz: Landschaftssteckbrief Innerstebergland Градската област главно се состои од обработливи површини и шуми. Градот зафаќа површина од 67 квадратни километри.
Низ северниот дел на градот, како и низ местата Хокелн, Листринген, Хајнде, Клајн Динген и Грос Динген, тече реката Инерсте.
Самиот град е вгнезден од Хилдесхајмската Шума на запад и Зауберге на исток.Gerhard Meier-Hilbert: Geographische Strukturen (des Hildesheimer Landes) (PDF-Datei; 1,03 MB) Реката Ламе тече низ местото во насока на север и се влева кај Грос Динген во Инерсте.
Највисока точка во Бад Залцдетфурт е Безенберг во Залцдетфуртската Шума со 339 метри.
Градски единици
Градот Бад Залцдетфурт се состои од следниве 13 места:Stadtverwaltung Bad Salzdetfurth: Vorstellung der Ortsteile , Stichtag: 1. Januar 2014.
Место Жители Бад Залцдетфурт 4.785 Боденбург 1.827 Брајнум 627 Детфурт 437 Грос Динген 1.153 Хајнде 1.286 Хокелн 198 Клајн Динген 392 Лехштет 697 Листринген 183 Еструм 393 Верштет 1.078 Веселн 883
Соседни општини
Бад Залцдетфурт се граничи од североисток надесно со општината Шелертен, општината Холе, градот Бокенем, општината Ламшпринге, општината Зибесе, општината Дикхолцен и градот Хилдесхајм.
Клима
Бад Залцдетфурт се наоѓа под влијание на морска и континентална клима. Најтопол месец е јули со просечни 17 °C, додека најстуден е јануари со просечни 0 °C. Годишна просечна температура е 8,6 °C.Climate-data.org: Klimadaten Bad Salzdetfurth Во просек во една година наврнуваат 700 mm воден талог.
Историја
Во 1194 година, Залцдетфурт бил споменат во документ за првпат. Местото било уништувано од поплави и пожари неколкупати. Најлоша поплава се случила во 1738 година, кога 176 куќи биле уништено. Зборот „Бад“, кој означува „бања“, бил додаден кон името во 1921 година.
На 22 март 1945 година, во текот на тешките воздушни напади на Хилдесхајм, Бад Залцдетфурт бил погоден од неколку бомби и две куќи биле уништени.Friedrich Kalbus: Sole, Salz und Söder - ein Gang durch die Geschichte von Bad salzdetfurth, p. 55. Bad Salzdetfurth 1961.
Бад Залцдетфурт се стекнал со градските права дури во 1949 година.
Знаменитости
Постојат повеќе знаменитости во самиот град и во припоените села. Има многу зачувани фахверк куќи во стариот дел на градот, како рударскиот еснаф од 1898 година и во селото Веселн. Католичката црква „Св. Галус“ во Детфурт била изградена во класицистички стил во периодот 1772-1779. Други интересни селски цркви и капели може да се видат во Хокелн, Боденбург, Брајнум, Еструм, Верштет и Клајн Динген. Црквата „Св. Јован Крстител“ во Веселн била изградена во типичен неоготски стил во периодот 1853-55.
Најголема црква во Бад Залцдетфурт е „Св. Ѓорѓи“, протестантска црква со насликан резбан таван, изградена околу 1700 година. На западниот ѕид има ознака, три метри над земја, што ја означува висината на поплавата од Ламе во 1738 година. Барокниот олтар потекнува од 1717 година. Оргулите потекнуваат од 1590 година, првично сместени во црквата „Св. Ламбертиј“ во Хилдесхајм. Постои градски музеј за рударската историја. Првично, тулната градба во која е сместен музејот било училиште. Бил основан во 1987 година.
Најсовремена црква во градот е католичката „Св. Семејство“, која била изградена во периодот 1960-61 и осветена на 3 септември 1961 година. Нејзините оргули потекнуваат од 1979 година. Првично, многу малку католици живееле во Бад Залцдетфурт, но по Втората светска војна се населиле католички бегалци од Шлеска.
Сообраќај
Бад Залцдетфурт има железничка врска со Хилдесхајм. Железничката станица е во средиштето на градот. Постојат станици и во селата Боденбург, Детфурт, Веселн и Грос Динген. Во работни денови има најмалку еден воз на секој час до и од Хилдесхајм. Во неделите и празниците постои еден воз на секои два часа.
Политика Градоначалник
Хенинг Хесе (SPD) бил избран како нов градоначалник во мај 2014 година, наследувајќи го сопартиецот Ерих Шапер.Results of the elections in May 2014 in Lower Saxony , retrieved November 2014
Меѓународни односи
Бад Залцдетфурт е збратимен со следниве градови:
Беникасим, Шпанија Бохнија, Полска Јејт, Обединето Кралство Келбра, Германија
Познати луѓе
Јозеф Милер (свештеник) (1894-1944) — свештеник Готфрид фон Крам (1909-1976) — тенисер Улрике Розенбах (р. 1943) — сликар и професор Даниел ван Бујтен (р. 1978) — фудбалер Катарина Шилер (р. 1984) — пливачка
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Вести од Бад Залцдетфурт
Категорија:Хилдесхајм (округ) Категорија:Бањски градови во Германија