Големата пролетерска културна револуција (кинески: 无产阶级文化大革命; традиционален кинески: 無產階級文化大革命; пинјин: wúchǎn jiējí wénhuà dà gémìng) — термин со кој се означува масовна кампања во Народна Република Кина, организирана од комунистичкиот партиски водач Мао Це Тунг од 1966 до октомври 1976 година, насочена против партиски функционери и интелектуалци кои Мао и неговите следбеници го обвиниле за предавство на револуционерните идеи и според неговите зборови станале поддржувачи и проводници на капитализмот. Овој период се одликува со крајна политизација во сите области на животот во градовите, проследена со безредие во активностите на студентите и работниците од пониските слоеви на општеството, хаос во партиското раководство, засилен терор на сите нивоа во земјата и политичка катаклизма, придружена со насилство. Во овој период култот кон личноста на Мао достигнал огромни размери.

Главните цели на Културната револуција се афирмација на ставовите на Мао во раководството на Кинеската комунистичка партија, во својство на државна идеологија и во рамките на борбата против ставовите на политичката опозиција, како и чистење на државата од т.н. Стари елементи - либералисти кои според Мао се загрозени да се претворат во нова буржоазија и да го обноват капиталистичкиот поредок.

Овој процес ја зафатил целата земјата, влијаела и врз рураленните региони, се распространил врз работничката класа и конечно меѓу војниците од армијата кое довело до создавање на народни комитети на работниците, војници и партиски кадри, кои функционирале како органи со двојна власт во различните задачи на администрацијата и владата. Мао истите ги ставил под раководство на партијата. Оваа состојба траела до 1976 година, кога со помош на воен удар на чело со Денг Сјаопинг, и со тешки репресии, се опоравила власта на фракцијата предводена од него, по кое следело пристапување кон апсењето на Бандата на четворицата и враќање на статус кво, преземање на промени во економијата, во форма на социјализам со пазарни одлики на капиталистичка пазарна економија.

Според вообичаеното толкување, кое обично се шири во западните медиуми, во основата на Културната револуција е борбата за власт, стремежот на Мао Це Тунг да си го поврати раководството, поддржан од амбициите на другите членови на партијата, при кое неговата сопруга Џијанг Кинг и Лин Бјао, како командант во армијата. Целта била одземање на политичката власт од Лиу Шаоки - шеф на државата, и Денг Сјаопинг - генерален секретар на партијата. Културната револуција завршила со IX-иот конгрес на Комунистичката партија на Кина во април 1969 година, кога Мао го најавил официјалниот нејзин крај. Иако во следните години ситуацијата до одреден степен била мирна, поголем значителен политички пресврт бил постигнат дури во 1976, по смртта на Мао, кога во внатрешните борби во Кинеската комунистичка партија победила групата околу Денг Сјаопинг и била уапсена т.н. Банда на четворицата, фракција предводена од сопругата на Мао, Џијанг Кинг.

Прашањето за тоа како борбата за власт достигнала такви високи нивоа на насилство и социјално безредие ги заинтригирало историчари и специјалисти во областа на масовната психологија, биле спроведени бројни академски истражувања, објавени во Кина и во странство во периодот на поновата историја на Кина, кои се обидуваат да ги објаснат причините за настаните од тие години. Во 1981 година, партијата објавила дека Културната револуција е „одговорна за најголемите загуби на партијата, земјата и народот од основањето на народната република„"Resolution on Certain Questions in the History of Our Party Since the Founding of the People's Republic of China," adopted by the Sixth Plenary Session of the Eleventh Central Committee of the Communist Party of China on June 27, 1981 Resolution on CPC History (1949–81). (Beijing: Foreign Languages Press, 1981). p. 32..

Позадина

Културната револуција претставува радикализација на Кинеската револуција, предводена од Бандата на четворицата. Таа користела масовна мобилизација на студенти за да го победи десното про-капиталистичко крило предводено од Лиу Шаоки, Денг Сјаопинг и Пенг Џен. Студентите биле групи од млади луѓе, во многу случаи едвај тинејџери, кои во организирани револуционерни комитети, ги напаѓале сите оние кои се обвинети за предавство кон режимот и политичката фигура на Мао Це Тунг. Културната револуција овозможила на последниот да ја поврати политичката власт, од која бил отстранет по неуспехот во т.н. Голем скок напред.

Мао ги поттикнал таканаречените револуционерни комисии составени од Црвената гарда за да ја преземат власта од државата и партиската администрација. Многу обични граѓани биле нападнати како контрареволуционери. Научниците исто така биле подложени на вознемирување од страна на оваа група и често испраќани на преквалификација преку земјоделска работа. Образованието и јавниот сообраќај во овој период речиси исчезнал. Многу културни артефакти, историски места и антиквитети биле уништени. Во натамошниот национален хаос, многумина биле убиени, а милиони биле раселени или испратени во затвор.

И покрај катастрофалните резултати од Културната револуција во економски, културен и хуман план, како и општото критично мислење кон кампањата во Кина и во светот, некои критичари и поддржувачи на управувањето на Мао го анализираат периодот како суштински чекор кон прочистување на кинеската култура и формирање на комунистичко општество.

Потекло Големиот скок напред

Големиот скок напред е економски и социјален план, целосна општо-народна кампања во Кина во периодот 1958-1961 година, чија цел била забрзување на економскиот развој, брз развој на индустријата и земјоделството и претворање на Народна Република Кина од аграрна во развиена индустриска земја. Растот на производството бил предвиден со помош на идеолошката пропаганда.

Во овој дух, Мао го започнал т.н. Голем скок напред, создал општини на луѓе во покраината и ја започнал својата масовна мобилизација во колективите. На многу заедници им било наредено производство на иста стока - челик. Мао ветувал двапати да го зголеми земјоделското производство. За ова, милиони селани биле претворени во работници со многу ниска плата. Тие биле обединети во комуни од илјадници луѓе, кои работат во строј и јадат во една заедничка кујна.

Големиот скок е економски неуспех. Необразованите фармери се обидувале да произведуваат челик во огромен размер, делумно потпирајќи се на обични печки за постигнување на производствените цели поставени од локалните кадри. Произведениот челик е со низок квалитет и во голема мера неупотреблив. Големиот скок ја намалил жетвата и довел кон пад на производството на повеќето производи освен леано железо и челик. Во исто време хаосот во колективно, лошото време и извозот на храна, потребен за да се обезбеди цврста валута, довел до Големиот кинески глад. Храната била во очајнички недостиг, а производството драстично опаднало. Гладот предизвикал смрт на милиони луѓе, особено во посиромашните региони во внатрешностаHistorical Atlas of the 20th century. Се проценува дека во Кина меѓу 40 и 50 милиони луѓе починале од глад меѓу 1959 и 1962 година по оваа масовна кампањаDennis Tao Yang. "China's Agricultural Crisis and Famine of 1959–1961: A Survey and Comparison to Soviet Famines." Palgrave MacMillan, Comparatrive economic Studies (2008) 50, 1–29.. Несреќата е споредлива со Втората светска војна кога 55 милиони луѓе починале. Животниот стандард паднал и довел до демографски колапс.

Неуспехот на Големиот скок го намалил престижот на Мао во партијата и тој бил принуден да преземе голема одговорност, за да во 1959 година поднесе оставка како шеф на државата по кое бил наследен од Лиу Шаоки. Со почетокот на 1960-тите години, многу од економските политики на Големиот скок биле ревидирани со помош на иницијативи предводени од Лиу, Денг и Џоу Енлај. Оваа умерена група прагматичари воопшто не била воодушевена од идеите на Мао. Поради загубата на почит кон партијата, Мао се предал на декадентен и ексцентричен начин на живот. Тој се повлекол од донесувањето економски одлуки и концентрирал голем дел од своето време за дополнително планирање и придонеси кон марксистичко-ленинистичка социјална теорија, вклучувајќи ја и идејата за непрекината револуција. Крајната цел на оваа теорија била да се врати неговото разбирање за комунизмот и неговиот личен престиж во рамките на партијата.

Советско-кинеска дезинтеграција мини|Мао Цедонг и Никита Хрушчов во Пекинг, 1958 година.

Мао Це Тунг си поставил пред себе две главни задачи, кои се сведувале на зајакнување на неговата улога на водач на политичката арена во НР Кина: да ја уништи опозицијата, кај која започнале да се појавуваат мисли за реформа на економијата со делумно воведување на пазарни механизми, и во исто време да пронајде занимање за проблематичните маси за да го пренасочи нивното внимание. Фрлајќи ја целата вина за провалот на Големиот скок на внатрешната опозиција и на надворешните непријатели, во најголем дел во ревизионистите на СССР на чело со Хрушчов, Мао „убил“ две птици со еден куршум: ја отстранил конкуренцијата и дал насока на народното незадоволство.

Така на крајот на 50-тите години на XX век започнал дипломатски конфликт меѓу Кина и СССР, кој траел од 1960 година до 1989 година, чиј конфликт својот врв го достигнал во 1969 година. Конфликтот бил придружен со поделба во меѓународното комунистичко движење. Критикувањето на сталинизмот на ХХ конгрес на Советската комунистичка партија, како и курсот на Никита Хрушчов за постепена либерализација на економијата во рамките на концептот за мирен соживот, предизвикале незадоволството кај Мао кој ги сметал за спротивни на комунистичката идеологија и сметал дека претставуваат неговата лична моќ. Тој верувал дека водачот на СССР не се придржува на принципите на марксизмот-ленинизмот. Политиката на Хрушчов била наречена ревизионистичка, а нејзините поддржувачи биле подложени на остра критика за време на Културната револуција. Кулминацијата на конфликтот бил граничниот конфликт на островот Дамански на реката Усури.

Борба за водство

До средината на 1960-тите, во партијата се појавило незадоволство од политиката на Мао. Ова незадоволство било засновано на општо разочарување со неуспехот на неговиот план. Разбирајќи дека тој не може да ја задржи власта, Мао започнал масовен терор. По подигнување на слоганот на Мао „Оган во штабот“, во земјата започнала безмилосна критика против Лиу Шаоки, Пенг Џен (секретар на градскиот комитет на партијата во Пекинг), Лу Дингжи (министер на пропагандатаВласть любой ценой: Реальная история китайца Цзян Цзэминя. Глава 8), Јан Шанкун, Ло Жујцин и Денг Сјаопинг. Обвинувањата поднесени против нив главно се состоиле во десничарски погледи, ревизионисти и агенти на капитализмот.

Во почетокот на културната револуција започнalo кампања на самокритичност: сите се должни во писмена форма да се покајат за своите грешки и гревови пред партијата. Опозицијата била изложена на многубројни понижувања, во кои влегуваle не само демагошките испрашувања, туку и демонстрации пред нивните домови. Децата на некои владетели кои паѓале во срам биле исмејувани и тепани на училиште. Некои биле затворени, како што е Лиу Шаоки, кој починал во затвор во почетокот на 1969 година.

Мао, чувствувајќи ја опасноста, не можел да се ограничи на прочистување само во највисоките ешалони на моќта. Заживувањето на Партијата носел масовен карактер. Овие чистки започнале во 40-тите години.

Фази Прва фаза

За првата фаза може да се разгледува периодот од мај 1966 до април 1969. Мао верувал дека Културната револуција започнала со објавувањето на статијата на Јао од 10 ноември 1965 година. Мао Дзъдун. Разговор со албанската воена делегација (1 мај 1967 г.) . На 8 август 1966 година, 11-тата Пленарна седница на КПК ја усвоила „Уредбата за голема пролетерска културна револуција“MacFarquhar and Schoenhals 2006. pp. 39–40: