Тоцилизумаб, исто така познат како атлизумаб, е имуносупресивен лек, кој претежно се користи за третман на ревматоиден артритис (RA) и системски јувенилен идиопатски артритис. Претставува хуманизирано моноклонално антитело против интерлеукин-6 рецепторот (IL-6R). Интерлеукин 6 (IL-6) е цитокин кој игра важна улога во имуниот одговор и е вклучен во патогенезата на многу болести, како што се автоимуни болести, мултипла миелома и рак на простатата. Тоцилизумабот бил развиен од Hoffmann–La Roche и Chugai.

Наводи

Категорија:Имуносупресиви