мини|Карл Марковиќ, Андреас Шмит, Адолф Бургер и Аугуст Дил на премиерата на филмот на Берлинале 2007 година Фалсификатори (германски: Die Fälscher) - германски филм од 2007 година, во режија на Штефан Руцовицки. Главните улоги ги играат: Карл Маркович, Аугуст Дил, Девид Штризоф, итн. Во 2008 година, филмот ја добил наградата „Оскар“ за најдобар странски филм, а вкупно имал 10 номинации и освоил седум награди.IMBd, The Counterfeiters (2007) Awards (пристапено на 11.2.2018)
Содржина Во 1930-тите, во Берлин, Евреинот Саломон Сорович, познат како Сали (го игра Маркович) фалсификува пари и документи. Тој добива информација дека полицијата му влегла во трагата, но ноќта ја поминува со убава жена, така што е уапсен од инспекторот Херцог (го игра Штризоф) и однесен во логорот Матхаузен. Таму, снаодливиот Сорович ја придобива милоста на нацистите така што им слика портрети. Набргу, тој е пренесен во логорот Зашенхаузен. Таму, Сали дознава дека бил префрлен по наредба на Херцог, кој формира тим од графичари, сликари, банкари и други стручни лица кои ги ангажира на таен проект за фалсификување британски фунти и американски долари. Под водствот на Сали, затворениците успеваат да направат совршени фалсификати. При крајот на војната, кога сојузниците се приближуваат до логорот, Херцог се обидува да земе дел од парите, но во тоа го спречува Сали. По војната, со фалсификуваните пари, Сали оди во Монте Карло, каде намерно ги губи сите пари на комар.IMBd, The Counterfeiters (2007) (пристапено на 11.2.2018)
Наводи
Категорија:Австриски филмови Категорија:Филмови на германски јазик Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови за нацизмот Категорија:Филмови засновани на книги Категорија:Филмови на Штефан Руцовицки Категорија:Филмови со Карл Маркович Категорија:Биографски филмови Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Филмови на англиски јазик