15760 Албион () — првиот заднептунец откриен по Плутон и неговата месечина Харон. Пронајден е во 1992 г. од астрономите Дејвид Џуит и Џејн Лу во опсерваторијата „Мауна Кеја“ на Хаваите. Ова е класичен објект од Кајперовиот Појас или кубевано — класа на објекти наречена по ова тело, чиј назив е изведен од во неговата ознака. Во јануари 2018 г. биле познати преку 2.400 заднептунци, од кои добар дел се кубевана.

Откривачите го предложиле името „Смајли“.Што се крие во надворешниот Сончев Систем? (Сајенс@НАСА, 13 септември 2001) но истото веќе било зафатено од астероидот 1613 Смајли, наречен по американскиот астроном Чарлс Хју Смајли. Телото го добило бројот 15760 и останало безимено сè до јануари 2018 г. кога било наречено по земјата Албион (Британија) во митологијата на англискиот писател Вилијам Блејк.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Заднептунци Категорија:Кубевана Категорија:Откритија на Дејвид Џуит Категорија:Откритија на Џејн Лу Категорија:Астероиди наречени по митолошки ликови Категорија:Астрономски тела откриени во 1992 година