Рафаел Сабатини (Јези, 29 април 1875 — Аделбоден, 13 февруари 1950) бил англо-италијански писател, најпознат како автор на авантуристички романи, од кои многу се прилагодени во престижните холивудски филмови.

Животопис

Роден е во Јези, во семејство на италијански оперски пејач и англиска оперска пејачка Во текот на детството живеел во голем број на држави, од Португалијадо Швајцарија, додека не се населил кај дедо му во Англија. Дотогаш, тој совршено владеел шест јазици, а подоцна тврдел дека англискиот јазик е јазик на кој се напишани сите најдобри приказни.

По краток обид за бизнис кариера, како млад човек, тој се посветил на пишувањето, почнувајќи со раскази во 1890 година, а подоцна и со романи. Меѓутоа, требало речиси една четвртина од век пред да постигне комерцијален успех со своите авантуристички романи од 1920-тите. Во меѓувреме се оженил за Рут Год Диксон, ќерка на богат ливерпулски трговец. Во 1927 година неговиот син Рафаел-Анѓело загинал во сообраќајна несреќа. Од сопругата се развела во 1931 година, а четири години подоцна во 1935 година се оженил повторно за Кристин Род, сестра на својата поранешна сопруга.

Литература

Надворешни врски RafaelSabatini.com

a chronology of events in Sabatini's works

Категорија:Родени во 1875 година Категорија:Починати во 1950 година Категорија:Италијански писатели Категорија:Британски писатели