Кевин Де Бројне (р. 28 јуни 1991) — белгиски фудбалер, играч од средниот ред на Наполи и на белгиската репрезентација.

Клупска кариера Почетоци Де Бројне кариерата ја започнал во локалниот клуб Дронген, а после две години мпреминал во Гент. Во Гент не се задржал многу долго и преминал во Генк. Брзо напредувал и после три сезони во сениорската екипа и во 2008 почнал да настапува и за првиот тим.

Генк За Генк дебитирал 9 мај 2009 во мечот против Шарлоа, кој Генк го совладал и добил со 3:0. Првиот гол за Генк го постигнал победоносниот а и дебитански на 7 февруари 2010 во победата над Стандард Лијеж од 1:0. Во сезоната одиграл 16 натпревари и постигнал 5 голови, а Генк ја освоил третата титула како шампион на Белгија.

29 септември 2011 го постигнал својот прв хет-трик, во победата над Клуб Бриж од 5:4. Сезоната ја завршил со осум постигнати голови.

Челси thumb|left|120px|Кевин Де Брујне На 31 јануари 2012 во зимскиот преоден рок, Де Бројне потпишал договор на пет и пол години за Челси, вреден 7 милиони, но останал во Генк до крајот на сезоната.

На 18 јули 2012 официјално дебитирал за Челси во пријателски натпревар против тимот од американската МЛС лига, Сијетл Соундерса, во победата од 4:2. Де Бројне играл само прво полувреме од пријателскиот натпревар против Пари Сен Жермен.

Позајмица во Вердер Бремен На 2 август 2012 година, Де Бројне преминал во Вердер Бремен на едногодишна позајмица. Првиот гол го постигнач 15 септември во победата од 3:2 против Хановер. Со добрата форма продолжил и во нареднните натпревари, постигнал гол во ремито од 2:2 против Штутгарт. Наредниот погодок го постигнал 18 ноември 10-те играчи на Вердер се свртеле и го совладале Фортуна Диселдорф со 2:1, Де Бројне го постигнал победничкиот гол.

По два месеца, тој го постигнал единствениот гол во поразот од Баерн Минхен 6:1, 4 мај 2013. Тој постигнал гол против Хофенхајм и ја завршил сезоната во Вердер 10 со 10 гола.

Враќање во Челси После добрата сезона во Вердер, за Де Бројне биле заинтересирани големити германски клубови како Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен, но тренерот на Челси Жозе Мурињо, изјавил на пресконфернција дека Де Брујне е иднината на Челси и потоа бил вратен на 1 јули 2013 во тимот на Челси.

Првиот гол во дресот на Челси го постигнал во пријателскиот натпревар против екипата од Малезија, во текот на постигнувањето на голот си го повредил коленото, но се опоравил на време и дебитирал во првото коло на премиер лиге, против Хал сити и асистирал за првиот гол на Челси во победата од 2:0.

Волфсбург 18 јануари 2014 Де Бројне преминал во Волфсбург за 18 милиони, дебитирал на 25 јануари 2014 во поразот од Хановер 3:1. 12 април запишал две асистенции против Нирнберг, а првиот гол во дресот на Волфсбург го постигнал наредната недела, во победата против Хамбург. Тој постигнал гол во последните два натпревари од сезоната, во победата против Штутгарт и Борусија Менхенгабах.

thumb|right|300px|Де Бројне во дресот на Волфсбург Во сезоната 2014/15 првот гол го постигнал 2 октомври 2014 во ремито 1:1 против Лил во лига европа. Во третото коло на лигата европа, 23 октомври, Де Бројне постигнал два погодоци во победата 4:2 против Краснодара.

30. јануари 2015. Волфсбург го победи Бајерн 4:1 и тако им нанео први пораз у Бундес лиги од априла 2014. Де Бројне је постигао два гола. 1. марта 2015. уписао је три асистенције у победи 5:3 над Вердером. 12. марта 2015. у првом дуелу нокаут фазе Лиге Европе, против Интера, Де Бројне је постигао два гола у победи од 3:1.

Сезоната ја завршил со 10 голови и 21 асистенција во бундеслига, што е рекорд на лигата. Во сите натпреварувања постигнал 16 голови и запишал 27 асистенции. Прогласен е за фудбалер на годината во Германија.

Сезоната 2015/16 ја започнал со освојување на суперкупот на Германија=, против Бајерн Минхен. Де Бројне асистирал на Никлас Бентнер за израмнувачкиот погодок во 89 минута, а потоа и го постигнал победоносниот гол во серијата на пенали. Во првото коло на купот на Германија постигнал гол и запишал две асистенциии во победата од 4:1 против Штутгарт кикерс.

Во август, Де Бројне изјавил да не настојува од челникот на Волфсбург да го продава, но признал дека не може да го запоставува интересувањето на Манчестер сити.

Манчестер сити 10 август понудил 47 милиони за Де Бројне, а 27 август зголемиле понудата на 58 милиони.

Манчестер сити мини|Кевин Де Бројне На 30 август 2015 година, Де Бројне потпишал шестогодишни договор со Манчестер сити. Трансферот изнесувал 55 милиони и бил вториот најголем трансфер во историјата на битанскиот фудбал, после преминувањето на Анхел ди Марија во Манчестер јунајтед 2014.

За Манчестер сити дебитирал 12 септември против Кристал Палас, заиграл во 25 минута на местото од Серхио Агуеро. Првиот гол за Сити го постигнал 19 септември, против Вест хем, во поразот од 2:1. Добрата форма ја продолжил со гол во лига купот против Сандерленд, а го постигнал и единствениот гол во поразот од Тотенхема 4:1.

На 2 октомври, Де Бројне се нашол на широкиот список за кандидати за Златна топка, а се нашол и на скратениот список од 23 фудбалери.

На 27 јануари 2016 постигнал гол во осмина финалето на лига купот против Евертон. 6 априла постигнал прв гол против Пари Сен Жермен, во ремито од 2:2 на Паркот на принцевите, во рамките на четвртфиналето на Лигата на шампионите. 12 април, Де Бројне го постигнал победоносниот гол против Пари Сен Жермен, за пласман на Манчестер сити во полуфиналето на лигата на шампионите за првпат во историјата.

Наредниот гол го постигнал 8 мај во ремито од 2:2 против Арсенал.

Репрезентативна кариера Де Бројне настапувал за репрезентацијата на Белгија до 18, 19 и 21 година, а за сениорски тим дебитирал на 11 август 2010 во пријателскиот натпревар против Финска. Белгија била поразена 1:0.

Де Бројне бил стандарден во квалификациите за светското првенство 2014, постигнал четири гола. Белгија се пласирала на првото големо натпреварување во последните 12 години.

Во 2016 година, настапил на европско првенство.

Трофеи Генк Првенство на Белгија (1) : 2010-2011. Куп на Белгија (1) : 2008-2009. Суперкуп на Белгија (1) : 2011. Волфсбург Куп на Германија (1) : 2014-2015. Суперкуп на Германија (1) : 2015. Манчестер сити Премиер лига (1) : 2017-2018 Лига куп на Англија (1) : 2015-2016.

Наводи

Надворешни врски

Профил на мрежно место на Фифа Профил на мрежно место на ЕСПН Де Бројне потпишал за Манчестер сити

Категорија:Родени 1991 Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Волфсбург Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Фудбалери на ФК Генк Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026