Јупитеров полупречник ( или ) — единица за должина во астрономијата со вредност еднаква на полупречникот на планетата Јупитер. Изнесува 71.492 км или 11,2 Земјини полупречници () (еден Земјин полупречник е еднаков на ). Се користи за изразување на полупречниците на гасовитите џинови, кафеавите џуџиња и некои вонсончеви планети.

Во 2015 г. Меѓународниот астрономски сојуз определил дека номиналниот екваторски Јупитеров полупречник треба да остане ист без оглед на подоцнежните усовршувања во мерењето на . Оваа константа точно се изразува како: = 7,1492×107 м Така, номиналниот поларен Јупитеров полупречник точно се дефинира како: = 6,6854×107 м Овие вредности одговараат на полупречникот Јупитер при притисок од 1 бар. При употребата на единицата се подразбира екваторскиот полупречник, освен ако не е укажано дека се работи за поларниот.

Споредба + Јупитерови полупречници на некои значајни небесни тела Тело / Rтело Месечев полупречник 41Земјин полупречник 11,209 Јупитер по дефиниција Сончев полупречник 0,10045

За споредба, еден Сончев полупречник е еднаков на: 400 Месечеви полупречници () 109 Земјини полупречници () 9,735 Јупитерови полупречници ()

Наводи

Категорија:Планетологија Категорија:Астрономски мерни единици