мини|Главни асоцијации на галактичката рамнина на ноќното небо Ѕвездено здружение (ѕвездена асоцијација) — мошне разредено ѕвездено јато со 10 до 100 или повеќе ѕвезди кои имаат заедничко потекло, но станале гравитациски и се движат заедно низ вселената. Се препознаваат по тоа што ѕвездите имаат заеднички вектор на движење и иста старост. Хемискиот состав исто така има улога.

Првпат се откриени од ерменскиот астроном Виктор Амбарѕумјан во 1947 г. Обично ги носат имињата (или скратениците) на соѕвездијата во кои се наоѓаат; видот на здружението, а понекогаш и бројчена ознака.

Видови Амбарѕумјан ги категоризирал ѕвездените здруженија во две групи: OB и T, во зависност од својствата на нивните везди. Подоцна канадскиот астроном Сидни ван ден Берг ја вовел третата категорија R за здруженијата кои осветлуваат отсјајни маглини.

Здруженијата OB, T и R образуваат континуум од групи на млади ѕвезди. Засега не е познато дали станува збор за развојна низа, или пак последица од некој друг чинител. Некои групи имаат својства и од OB и од T, па затоа категоризацијата не е секогаш совршена.

OB-здруженија Младите здруженија опфаќаат по 10–100 масивни ѕвезди од спектралните класи O и B, и се нарекуваат OB-здруженија. Се смета дека се образуваат во еден мал простор во џиновски молекуларен облак. Откако ќе се оддуваат прашината и гасот во околината, преостанатите ѕвезди ја губат врската и почнуваат да се оддалечуваат една од друга. Се верува дека највеќето ѕвезди во Млечниот Пат настанале во OB-здруженија.

Ѕвездите од класата O се кратковечни и се претвораат во супернови по околу милион години. Поради ова, OB-здруженијата се стари највеќе до неколку милиони години. Ѕвездите во нив целосно согоруваат во рок од 10 милиони години. (За разлика од тоа, нашето Сонце е старо 5 милијарди години.)

Со сателитот „Хипаркос“ се утврдени дузина OB-здруженија во досег од 650 парсеци од Сонцето. Најблиското OB-здружение е Скорпија–Кентаур, located about 400 сг од Сонцето.

OB-здруженијата се среќаваат и во Големиот Магеланов Облак и галаксијата Андромеда. Овие се доста ретки, протегајќи се во пречник од 1.500 сг.

T-здруженија Младите ѕвездени групи може да содржат извесен број неразвиени ѕвезди од типот T Бик кои сè уште се во фаза на навлегување во главната низа. Овие проретчени населенија бројат до илјада ѕвезди и се познати како T-здруженија. Најблискиот пример е здружението Бик-Кочијаш T, на растојание од 140 парсеци од Сонцето. Други примери се здруженијата R Јужна Круна, Волк T, Камелеон T и Едро T. T-здруженијата честопати се среќаваат во близина намолекуларниот облак од којшто потекнале. Некои имаат и ѕвезди од класата O-B. Имаат иста старост, исто потекло и ист хемиски состав, ист замав и ист правец на брзинскиот вектор.

R-здруженија Ѕвездените здруженија што ги осветлуваат отсјајните маглини се нарекуваат R-здруженија — име кое им го дал Сидни ван дер Берг откако открил дека ѕвездите во овие маглини имаат нерамномерна распределеност. Младите ѕвездени групи опфаќаат ѕвезди од главната низа кои не се доволно масивни за да ги растераат меѓуѕвездените облаци во кои настанале. Ова им дава прилика на астрономите да ги испитаат својствата на околниот темен облак. Бидејќи R-здруженијата се побројни од OB-здруженијата, можат да се употребат за исцртување на структурата на галактички спирални краци. Пример за R-здружение е Еднорог R2, сместен 830 ± 50 парсеци од Сонцето.

Познати здруженија Подвижната група во Голема Мечка е еден пример за ѕвездено здружение. (Освен α Голема Мечка и η Голема Мечка, сите ѕвезди во Плуг/Голема Кола се дел од таа група.)

Други млади подвижни групи се:

Месно Здружение (подв. група Плејади) Поток на Хијадите суперјато IC 2391 Бета Сликар Кастор AB Златна Рипка Зета Херкул Алфа Персеј

Поврзано OB-ѕвезда Подвижна група Расеано ѕвездено јато

Наводи

Надворешни врски Ѕвезденокинематички групи, суперјата, подвижни групи — Д. Монтес, Универзитет „Компултенсе“, Мадрид Нови здруженија на млади ѕвезди — Д. Монтес, Универзитет „Компултенсе“, Мадрид

Здружение