Надежда Петровиќ (Чачак, 12 октомври 1873 — Ваљево, 3 април 1915) била најзначајна српска сликарка од крајот на XIX и почеток на XX век.
Животопис Родена е во Чачак на 12 октомври 1873 година од татко Димитрија - Мите Петровиќ и мајка Милева, која била роднина со Светозар Милетиќ.Цео живот у сликама („Вечерње новости“, 18. април 2013), Семејството имало 13 деца од кои 9 преживеале. Помладата сестра на Надежда била писателката Милица Мишковиќ, а најмладиот брат писателот Растко Петровиќ.Надежда Петровић, између неразумевања и славе.
Во 1884 година со семејството се преселила во Белград. Завршила Виша женска школа во Белград во 1891 година, а наредната година го положила испитот за наставничка по цртање, и станала ученик во атељето на Ѓорѓе Крстиќ. Во 1896/97 година учи кај Кирил Кутлик, а во 1898 година во Минхен кај Словенецот Антон Ажбе.
Во 1900 година ја имала својата прва самостојна изложба во Белград, а наредната година почнала да работи во атељето на Јулиус Екстер во Минхен. На 26 август 1903 година, со Делфа Иваниќ и Милица Добри го основала хуманитарното друштво „Коло на српските сестри“,Istorija i tradicija | Kolo srpskih sestara Subotica . како одговор на погромите над христијаните во Македонија, односно тогаш нарекувана Стара Србија. Надежда со Милицом Добри кон крајот на 1903 година заминала за Македонија и ја делела хуманитарната помош што ја собрало друштвото. Своите импресии од ова патување Надежда ги запишала во драмата „Војвода Мицко Поречки“, каде главен лик е војводата Мицко Крстиќ. Оваа драма не била објавена за време на нејзиниот живот. Од 1904 година била ангажирана околу првата југословенска уметничка изложба, основањето на уметничкото друштво „Лада“, и првата уметничка колонија во Сиќево, кај Пирот.Се занимавала и со ликовна критика.
До 1912 година учествувала на бројни изложби, меѓу кои во Љубљана, во Париз, во Загреб, во Рим, и на други места. Во Белград во 1912 година отворила сликарска школа и учествувала на четвртата југословенска изложба.
Се пријавила како доброволец во Првата балканска војна, и учествувала како болничарка на фронтот. Умрела во Ваљево на 3 април 1915 година, од тифус, додека била на должност како болничарка. Во Чачак од 1960 година се одржува сликарско биенале под името „Меморијал на Надежда Петровиќ“.
Дела Сликарството на Надежда Петровиќ било во чекот со европскиот експресионизам.
На нејзините најдобри дела доминираат големи површини со црвена и зелена боја. Сликала портрети, како и теми од националната историја на Србија. мини|Гробот на Надежда на новите гробишта во Белград Во текот на балканските војни и Првата светска војна, се занимавала и со фотографија, како прва жена воен фотограф.Надежда Петровић - фотограф и модел („Политика“, 24 март 2013 Галерија
Наводи
Литература
Надворешни врски
интернет презентација Галерије Надежда Петровић „Три рата Надежде Петровић“, Војислав Латковић, Вечерње новости, фељтон, 10 наставака, 13. - 22. октобар 2006. http://www.pavle-beljanski.museum/novi_w/petrovic.html Највећи срспки сликари - Надежда Петровић Време Надежде Петровић („Политика“, 12. новембар 2011) Подсећање - живот и дело Надежде Петровић („Време“, 10. јун 2010) Надежда Петровић (-{znanje.org}-) Надежда Петровић Слике ужарене Србије („Вечерње новости“, фељтон, април 2012) Надежда Петровић - тема броја, посетено на 15. октобра 2016.]
Категорија:Српски сликари Категорија:Српски ликовни критичари Категорија:Сликари експресионисти Категорија:Фовизам Категорија:Сликари од 20 век Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава Категорија:Родени во 1873 година Категорија:Починати во 1915 година Категорија:Српски феминистки Категорија:Модерни сликари Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград)