Гвозно Езеро или Драгово Езеро е вештачко езеро во Општина Калиновик, Република Српска, Босна и Херцеговина. Ова еезеро се наоѓа на планината Трескавица над Гвозно Поле. Езерото е опкружено од планинските врвови Мали Трескац (1969 м), Мали Вратлом (1950 м) и Вратлом (1780 м). Самото езеро е поделено на два дела, големо и мало. Околу езерото има букова шума.
Историја Гвозно Езеро го добило името по Гвозно Поле. Покрај тоа, името е познато и по алтерантивното име Драгово Езеро, во чест на творецот на езерото Драго Пухал. Езерото е направено во 1996 година.
Екосистем Бидејќи езерото е богато со водни билки, тоа е сезонско прибежиште на диви патки.
Поврзано Република Српска
Наводи Агенција Републике Српске за воде обласног ријечног слива Саве: Језера у Републици Српској Хидрометеоролошки завод Републике Српске: Језера у Републици Српској Туристичка организација Републике Српске: Гвозно језеро
Литература
Категорија:Езера во Република Српска