Перуќачко Езеро — вештачко езеро на подрачјето на општина Сребреница во Република Српска во Босна и Херцеговина, како и на подрачјето на општина Баина Башта во Србија. Езерото се наоѓа на границата помеѓу Србија и Босна и Херцеговина.

Географија Езерото е создадено со преградување на реката Дрина за потребите на хидроелектраната „Баина Башта“.Хидрометеоролошки завод Републике Српске: Језера у Републици Српској Езерото е акумулационо и се снабдува со вода од реката Дрина. Вкупната површина на езерото е 12,4 км2, и има капацитет од 340.000.000 м3 вода. Најдлабоката точка во езерото е 60 метри, најголемата должина на езерото е 54 км, најмалата ширина е 150 метри а најголемата е 1000 метри.

Езерото се наоѓа на надморска височина од 290 метри, и најголем дел од езерото се наоѓа во кањонот на реката Дрина, кој почнува на 7 км од браната. Брегот на езерото е стрмен и карпест, кои вертикално паѓаат надолу кон дното на езерото. Поради тоа, во близина на брегот длабочината може да достигне и до 3 до 8 метри. Границата помеѓу државите поминува на половина од езерото.

Галерија

Наводи

Поврзано Дрина Република Српска Србија Босна и Херцеговина

Категорија:Езера во Република Српска Категорија:Езера во Босна и Херцеговина Категорија:Дрински слив