„Побеснетите“ (англиски: The furies) е американски филм (вестерн) од 1950 година, во режија на Ентони Мен, според сценариото на Чарлс Шни. Главните улоги ги играат: Барбара Стенвик, Волтер Хјустон, Вендел Кори и Џудит Андерсон. Филмот е снимен според романот на Нивен Буш.
Содржина Во филмот, чие дејствие се одвива во Ново Мексико во 1870-тите, е прикажан судирот меѓу богатиот сточар Т. Ц. Џефордс (го игра Хјустон) и неговата сакана ќерка Венс (ја игра Стенвик) која, исто како него, е личност со челична волја. Џефордс се задолжува кај банките, работниците ги плаќа со сопствени банкнити има многу непријатели, вклучувајќи го и Рип Дароу, сопственикот на крчмата на чиј татко Џефордс му ја зел земјата. Венс, пак, е пријателка со еден од мексиканските работници на имотот на татко ѝ, а истовремено е заљубена во Рип. Таа е убедена дека еден ден ќе стане сопственичка на имотот, но нејзините надежи пропаѓаат поради одмаздата на Рип и империјализмот на Џефордс. Судирот меѓу неа и Џефордс се влошува кога тој ја доведува Фло Барнет (ја игра Андерсон), која сака да се омажи за него затоа што тој е богат. Еднаш, Ванс ја напаѓа Фло со ножици...HRT (пристапено на 15.3.2018)Бесни (пристапено на 4.12.2025)
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Вестерни Категорија:Филмови засновани на книги Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Барбара Стенвик Категорија:Филмови со Волтер Хјустон Категорија:Филмови на Ентони Мен Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њу Мексико Категорија:Филмови од 1950 година