250px|мини|десно|Барска лажица
Барска лажица е лажица со долга рачка која се користи за спремање и мешање на коктели и други алкохолни и безалкохолни мешани пијалаци. Долгата рачка и овозможува да достигне до дното на најдлабоките чаши во кои се подготвуваат и служат пијалаци. Барската лажица може да држи до 5 ml течност, по тоа е слична на лажица за чај. Нејзината рачка е обично долга помеѓу 25 и 27 cm.Barska kašika, Koktelomania.com
Користење Освен за мешање на пијалаци, барската лажица служи и за додавање на состојки кои се потребни во мали количини.Bar Spoon, Culinary Encyclopedia Исто така, може да ги скрши цврстите состојки или делови од овошја кои се наоѓаат во пијалакот.
Варијанти Барските лажички се направени од различни материјали, најчесто од пластика, метал и не’рѓосувачки челик. Честопати се прават со спирална рачка, која е погодна за мешање на пијалаци, бидејќи лесно се врти помеѓу прстите. Барска лажичка може да има разни додатоци на врвот на рачката, обично во облик на диск или чекан што овозможува кршење на цврсти состојки во пијалак, или во форма на виљушка, кој овозможува земање маслинки, цреши и друго овошје од пијалаците
Наводи
Категорија:Пијалак Категорија:Лажици