Црпи вода, Јано е мешано македонско оро, кое кореографски потекнува од Скопско.Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 41-42
Ова е едноставно оро кое се игра со одмерени чекори. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Ритамот е двочетвртински.
Ова оро е поврзано со народната песна: Црпи вода, Јано, бегај дома, Оздол иде, Јано, силен аскер,
Оздол иде, Јано, силен аскер, Силен аскер, Јано, Демир-Тоска,
Напред врви, Јано, Мамуд паша, А по него, Јано, гаваз-Шукри,
Ќе ти сакат, Јано, ладна вода, А по вода, Јано, бело лице.
Наводи
Категорија:Македонски ора