Голјак — средновисока планина во Западна Македонија, којашто претставува најсеверна огранка на масивот Бигла. Планината има меридијански правец на протегање и на север е ограничена од течението на реката Треска, на запад со Бржданска Река, додека на југ постепено преминува во повисоката Илинска Планина. Највисока точка е Вели Врв со надморска височина од 1.535 м.
Поврзано Бигла Список на планини во Македонија
Категорија:Планини во Македонија