Струмичко Поле — рамница сместена во југоисточниот дел на Македонија. Таа е дел од Струмичко-радовишката Котлина и е најниското поле во котлината, сместена во долниот дел на реката Струмица.
Полето е оградено со планините Еленица на запад, Беласица на југ и Огражден на исток. На низината се протегаат општините Босилово, Василево, Ново Село и Струмица. Центар на рамницата е градот Струмица. Полето е мошне плодно и богато и дава високи приноси на раноградинарски култури благодарение на изградените системи за наводнување.
Галерија
Поврзано Носии од Радовишко Поле и Струмичко Поле
Наводи
Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Низини во Македонија Категорија:Котлини во Македонија