Курапати (белоруски: Курапаты) — шумска област во предградието на Минск, Белорусија, позната по тоа што голем број луѓе биле погубени помеѓу 1937 и 1941 година за време на т.н. Голема чистка од страна на советската тајна полиција, НКВД.
Точниот број на жртви е непознат, главно поради тоа што архивите на НКВД се наоѓаат во Белорусија, и сè уште не се отворениПамяць і забыцьцё Курапатаў // RFE/RL, 28.10.2009. Според различни извори, бројот на луѓе кои загинале во Курапати се проценува на: до 7.000 луѓе (според генералниот обвинител на Белорусија), најмалку 30.000 лица (според адвокат на Белоруска ССР Тарнавски), до 100.000 луѓе (според извори од книгат БелорусијаДаведнік «Беларусь». — Мн.: «Беларуская энцыкляпэдыя», 1995.), од 102.000 до 250.000 луѓе (според статијата на Зјанон Пазнјак во весникЗ. Пазьняк, Я. Шмыгалёў, М. Крывальцэвіч, А. Іоў. Курапаты. — Мн.: Тэхналогія, 1994.Kurapaty // Zaprudnik, Jan. Historical Dictionary of Belarus. — Lamham. — London: Scarecrow Press, 1998. P. 139.), 250.000 луѓе (според полскиот историчар и професор на Универзитетот во Вроцлав, Здиславу Јулијан ВиничкиZdzisław J. Winnicki. Szkice kojdanowskie. — Wrocław: Wydawnictwo GAJT, 2005. . — С. 77—78.), и повеќе од овие бројки (според британскиот историчар Норман ДејвисNorman Davies. Powstanie '44. — Kraków: Wydawnictwo Znak, 2004. . — С. 195).
Во 2004 година Курапати бил вклучен во списокот на културно наследство од прва категорија на БелорусијаПостановлениe Министерства культуры № 15 «О зонах охраны материальной недвижимой историко-культурной ценности «Место уничтожения жертв политических репрессий 30-40-х годов XX века в урочище Куропаты» (2004)/ref
Читать полностью: http://naviny.by/rubrics/society/2012/10/25/ic_articles_116_179689/ .
Откривање и чествување
Откритието на историчарот Зјанон Пазнјак и ексхумацијата на останките во 1988 година дало дополнителен импулс за движењето за продемократија и за независност во Белорусија во последните години на Советскиот Сојуз, пред да се распадне. Истраги биле спроведени и од страна на советските и од страна на белоруските власти, но биле убедени дека сторителите биле припадници на НКВД. Ова се заснова на признание на поранешните членови на НКВД и на сведочењата на очевидците на 55 селани од околните села, кои кажале дека НКВД на тоа место доведувал луѓе во камиони и ги егзекутирал во текот на 1937-1941 година.
Претседателот на САД Бил Клинтон ја посетил шумата Курапати во 1994 година, кога бил во посета на Белорусија. Клинтон отворил еден мал споменик од гранит на кој пишува „За Белорусите од американскиот народ“, можеби првиот постсоветски културен артефакт од САД на белоруската територија. Споменикот бил оштетен трипати, но подоцна бил обновен.
Во 2001 година, кога на Курапати бил загрозен од планирско проширување, младите сили од Белорускиот народен фронт, Зубр и некои помали организации ја окупирале локацијата и седеле со ладната зима во шатори, обидувајќи се да ја сопрат изградбата на патот, со истото завршило без успех.
На 29 октомври 2004 година, еврејската заедница на Белорусија поставила споменик во спомен на Евреите и другите државјани кои биле убиени во шумата Курапати. Гранитниот камен има два натписи на јидиш и белоруски: „На нашите сограѓани -евреи, христијани и муслимани - жртви на сталинизмот од белоруските евреи“.
Во доцните 1980-ти, влијателното продемократско движење и движењето за независност во Белорусија (Белоруски народен фронт) било во голема мера инспирирано од Перестројката и наодите од гробовите на поранешниот советски полигон во Курапати, во близина на Минск.
За разлика од соседните земји, властите на Република Белорусија под претседателот Александар Лукашенко дале ограничен пристап до државните архиви поврзани со сталинистичките репресии и не ги одбележуваат жртвите на комунизмот на владино ниво.
Демократската опозиција во близина на конзервативната христијанска партија, обновената Белоруска Христијанска партија и Партијата БНФ ги одбележуваат жртвите на советскиот режим на 29 и 30 октомври, на денот на масовното егзекутирање на белоруските писатели во 1937 година, како и на денот на комеморацијата на почит кон традиционалните предци во почетокот на ноември.
Наводи
Надворешни врски Kurapaty memorial in danger: business versus historical memory Belarus Digest
Категорија:Масакри во Белорусија Категорија:Масакри во Советскиот Сојуз Категорија:Минск Категорија:Политичка репресија во СССР Категорија:НКВД