мини|десно|260x260px|Споредба на спектарот на Икар со спектар на модел на син суперџин. Икар (MACS J1149+2223 Lensed Star 1 или MACS J1149 LS1) — поранешна сина суперџиновска ѕвезда во соѕвездието Лав. Го зазема 9. место по оддалеченост на 9 милијарди светлосни години од Земјата (црв. помест. z=1,49). Нејзината светлина е израчена 14,4 милијарди години по Големата експлозија. Според сооткривачот Патрик Кели, оваа ѕвезда е барем стотина пати подалечна од следната најдалечна ѕвезда (која не е супернова), и претставува првата поединечна ѕвезда видена со увеличување.

Преглед Ѕвездата е откриена при проучувањето на суперновата SN Рефсдал со вселенскиот телескоп „Хабл“. Собирањето слики од оваа супернова почнало во 2004 г. но овој извор светлина е откриен неодамна, од сликите направени во 2013 г. и истиот станал посјаен во 2016 г. Утврдено е дека точкестиот извор е осамена ѕвезда увеличена за 2.000 пати со гравитациска леќа. Светлината од LS1 е увеличена не само поради огромната вкупна маса на галактичкото јато MACS J1149+2223 (оддалечено 5 милијарди светлосни години), туку и од компактниот објект од три Сончеви маси во состав на самото јато кој поминал преку видното поле — појава наречена гравитациска микролеќа. При нормални услови, од оваа далечина можат да се пронајдат само објекти како цели галаксии или супернови, но во овој случај светлината била достатно зголемена поради микролеќата. Не забележувајќи колебање во температурата, заклучено е дека светлината доаѓа од стабилна ѕвезда наместо од супернова. Температурата исто така им овозможила на астрономите да ја класификуваат ѕвездата како син суперџин.

Забележаната светлина од ѕвездата потекнува од времето кога вселената била четирипати помлада од денес (13,8 милијарди години). Се претпоставува дека сличните откритија на микролеќи ќе помогнат во откривањето на најраните ѕвезди во вселената. Икар повеќе не постои како син суперџин, знаејќи го животниот век на ваквите ѕвезди.

Ѕвездата е нарчена по истоимената личност од старогрчката митологија.

Поврзано Список на крајности кај ѕвездите Список на најдалечни астрономски тела

Наводи

Надворешни врски „Хабл“ откри супернова расцепена со космичка леќа — НАСА (2017) Поглед на SN Рефсдал — National Geographic Society (2015) Слики од SN Рефсдал — HubbleSite (2015)

Категорија:Астрономски тела откриени во 2018 година Категорија:Лав (соѕвездие) Категорија:Бело-сини суперџинови Категорија:Вонгалактички ѕвезди