Свети Ѓорѓи — главна манастирска црква на Новоселскиот манастир во струмичкото село Ново Село, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа северно од селото, сместена на патот за Новоселското Езеро и до нејзе води асфалтиран пат.

Историја

Црквата започнала да се гради во 1995 година од страна на мештаните на Ново Село, кои пред да ја изградат по предание секогаш во попладневните и во вечерните часови во деновите наспроти големите празници иделе на ова место, а следниот ден оделе во истоимената селска црква. Поради ова се претпоставува дека некогаш во дворот на денешниот манастир постоела црква.

Црквата била осветена на 28 август 2004 година на празникот Голема Богородица со благослов на струмичкиот митрополит г. Наум.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата е целосно живописана.

Икони и иконостас

Во црквата се наоѓа мал мермерен иконостас.

Галерија

Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Ново Село

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Свети Ѓорѓи во Македонија Категорија:Новоселски манастир