Чупино (на топографски карти: Чупино Брдо) — врв на планината Плачковица со висина од 1.725 м. Врвот се издига во источниот дел од планината, каде што се и врвовите Лисец (1.754 м), Бел Камен (1.707 м) и Кара Тепе (1.625 м).М., И.. „Плачковица — планина која треба да се посети и доживее!“, Игеографија, 24 март 2012.

Географија

Во непосредната околина југозападно од врвот, на надморска висина од околу 1.400 метри, се наоѓаат изворите на Виничка Река. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896, за врвот Чупино запишал дека е главен врв на Плачковица, којшто се издигнува на југ од селото Блатец и Виница во највисокиот дел на веригата, имено таму, каде што таа го носи името Плачковица. Над тука широкиот гребен на веригата се издигнува како гол карпест и не особено висок сврдел, којшто се гледа од цело Кочанско.

Правци за искачување Најлесно е искачувањето на врвот од северната страна, почнувајќи од селото Липец или од селото Блатец.

Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, Ѓорче Петров го опишува и дава податоци за искачувањето на врвот Чупино, како и глетката што се пружа од него, при што запишал:

Предание за настанокот на името Чупино Месното население и постарата литература Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. врвот го нарекува само Чупино, додека во поновите воени и катастарски топографски карти врвот се сретнува под името Чупино Брдо, слично на истоимениот врв и огранка на планината Билино во североисточна Македонија.

Според предание на мештаните од Блатец и потплачковичките села и Виница, името на врвот Чупино настанало по една случка кога локалниот бег сакал да граби и да ја земе во сарајот некоја многу убава девојка - „чупа“ од Блатец, кое во тоа време било претежно населено со турско населениеСпоред кажување на Доне Арсов од Виница, забележано од Марио Шаревски на 15.04.2018. Убавата чупа не сакајќи да биде грабната и однесена во сарајот, побегнала во шумите на планината Плачковица каде повеќе денови се криела од турската потера. Криејќи се повеќе денови таа низ шумите достигнала до самиот врв на карпестиот предел, каде починала (од глад или премореност) поради што месното население во нејзина чест врвот и целиот предел наоколу го нарекол Чупино.

Галерија

Поврзано Лисец (Плачковица) Бел Камен (Плачковица) Туртел Кара Тепе (Плачковица)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Плачковица Категорија:Врвови во Македонија Категорија:Блатец