Љубомир Котевски (3 август 1923, Скопје - , Скопје) — македонски интернист, пулмоалеролог, професор, основач и директор на Клиниката за пулмологија во Скопје.д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. 73-78
Животопис Љубомир Котевски е роден во Скопје, на 3 август 1923 година, каде завршил основно и средно образование. Есента 1945 година, тој се запишал во Белград на Медицинскиот факултет. Студиите ги завршил во мај 1951 година, и веднаш стапил на служба во Специјалната болница за ТБЦ во селото Лешок, Тетовско. Специјалистички испит по интерна медицина, тој положил во 1956 година, а во јануари 1957 година бил избран за асистент на Интерните клиники во Скопје. За редовен професор, тој бил избран во 1977 година.
Кариера Љубомир Котевски бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје, од 1978 до 1982 година. Од 1982 до 1985 година, тој бил директор на УЦМН. Тој бил основач и шеф на Одделението за пулмологија, и директор на Клиниката за пулмологија и алергологија. Се усовршувал на клиниките во Париз, Рим, Минхен, Лондон, Милано и Прага. Особени заслуги има за основањето и развојот на одделите за интензивна респираторна нега, за бронхоскопија за газометрија, каде вовел современи методи за дијагностика и терапија.
Бил претседател на Здружението на алерголози и клинички имунолози на Југославија, член на Меѓународното здружение на алергологија и клиничка имунологија. Автор е на бројни стручни и научни трудови. Одликуван бил со награди и признанија, меѓу кои: Орден на трудот со златен венец, наградата „13 Ноември“ и Повелбата „Д-р Трифун Пановски“.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски декани Категорија:Македонски пулмолози Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски декани Категорија:Југословенски пулмолози Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“