Илија Џонов (р. во - починал на во ) — македонски невропсихијатар, редовен професор, директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје.д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. 93-96
Животопис Џонов бил роден во Штип, за време на бугарската окупација. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а потоа во Скопје дипломирал на Медицинскиот факултет во 1967 година, додека специјалистички испит положил во 1973 година. Докторирал во Белград во 1982 година од областа на невромускулните болести.
Во декември 1969 година тој се вработил во Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје. За асистент бил избран во 1977 година, за доцент во 1986 година, а за редовен професор во 1996 година. Бил директор на Нервната клиника (1987-1988), продекан (1988-1990) и декан на Медицинскиот факултет во Скопје (1990-1994), како и директор на Клиничкиот центар (1997-1999).
Основач е на Лабораторијата за хистолошки испитувања на мускулната биопсија во 1978 година. Воведува современ дијагностички и терапевтски пристап кај невромускулните болести. Тој го создал Одделението за неврологија во развојната возраст.
Објавил 107 научни и стручни трудови и остварил научен проект за невромускулните болести во Македонија (1984-1988).
Ви 2010 година, тој ја добил наградата „13 Ноември“ доделувана од Град Скопје.
Проф. д-р Џонов бил член на Надзорниот одбор на „ Алкалоид“ АД од 1998 до 2023 година
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски лекари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски лекари Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Македонски невропсихијатри Категорија:Луѓе со потекло од Богданци Категорија:Доктори на Белградскиот универзитет