thumb|right|265px|Афроамериканци по државите на САД во 2010 година
Афроамериканци или Африкански Американци – поим кој денес во Соединетите Американски Држави се користи службено за да ги означи жителите со црна боја на кожата, односно, потомците на африканските робови доведени во Северна Америка меѓу XVII и XIX век. Машките се нарекуваат црнци, а жените црнкинки (црнкињи е изведенка, но се претпочита првото).
Поимот Афроамериканци, кој прв почнал да го користи црниот националистички водач Малколм Икс, настојува да го замени поимот „црнци“ (), кој во тогашната црнечка заедница се сметал за еднакво навредлив како „негро“ и „обоени“. Поимот, наместо по раса, американските црнци требало да ги идентификува според областа од каде потекнуваат нивните предци и така да ги изедначи со етничките групи во американската нација како што се Италоамериканците или Порториканците.
Според податоците на американското Биро за попис на населението, во САД живеат 40,7 милиони Афроамериканци, кои претставуваат 12,7 % од вкупното население. Според пописот од 2000 година 58,4 % од нив живеат на американскиот југ. Но, 88 % од сите Афроамериканци живеат во големите градови, така што во некои од нив, како Гери, Детроит, Атланта, Мемфис и Вашингтон, тие се мнозинство.
Поимот „Афроамериканци“ во 1990-тите години, во времето на „политичка коректност“, се одомашил во американската јавност и влегол во службена употреба. Но, истовремено предизвикал доста контроверзии, со оглед дека неговата употреба предизвикувал низа недоразбирања и збрки.
Така поимот се користи исклучиво за лицата со црна боја на кожата, а не се применува на Американците со бела боја на кожата кои емигрирале од Африка или оттаму им потекнуваат предците (Бербери, Африканери).
Истовремено овој поим се користи за секое лице со црна боја на кожата кое живее на територијата на САД, без разлика дали истото му припаѓа на некоја специфична етничка група како што се Јамајканците или Хаиќаните.
Демографија + Афроамериканци во САДТабелата го прикажува афроамериканското население во Соединетите Американски Држави во текот на времето, засновано на податоци од пописите во САД. (Податоците од 1920 до 2000 година се засновани на податоците од пописите во САД дадени во Time Almanac од 2005, стр. 377.) ГодинаБрој% од вкупнотонаселение% промена(10 г.)Slaves% робови1790757.20819,3% (највисок) –697.68192%18001.002.03718,9%32,3%893.60289%18101.377.80819,0%37,5%1.191.36286%18201.771.65618,4%28,6%1.538.02287%18302.328.64218,1%31,4%2.009.04386%18402.873.64816,8%23,4%2.487.35587%18503.638.80815,7%26,6%3.204.28788%18604.441.83014,1%22,1%3.953.73189%18704.880.00912,7%9,9% – –18806.580.79313,1%34,9% – –18907.488.78811,9%13,8% – –19008.833.99411,6%18,0% – –19109.827.76310,7%11,2% – –192010,5 милиони9,9%6,8% – –193011,9 милиони9,7% (lowest)13% – –194012,9 милиони9,8%8,4% – –195015,0 милиони10,0%16% – –196018,9 милиони10,5%26% – –197022,6 милиони11,1%20% – –198026,5 милиони11,7%17% – –199030,0 милиони12,1%13% – –200034,6 милиони12,3%15% – –201038,9 милиони12,6%12% – –
Познати Афроамериканци Ален Ајверсон Мухамед Али Луис Армстронг Азалија Банкс Чарлс Баркли Чак Бери Би Би Кинг Коби Брајант Дензел Вашингтон Опра Винфри Мајлс Дејвис Лил Ким Џон Колтрејн Карл Луис Бијонсе Ноулс Барак Обама Чарли Паркер Принс Рик Рос Мајк Тајсон Тина Тарнер Џими Хендрикс Витни Хјустон Леброн Џејмс Мајкл Џордан Мајкл Џексон Меџик Џонсон Тупак Шакур
Поврзано Раси и потекло во пописите на населението на САД Американски староседелци Американци Азиски Американци Бели Американци Хиспаноамериканци и Латиноамериканци
Наводи
Категорија:Демографија на САД Категорија:Народи во САД Категорија:Народи во Америка Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ