Немири - збирка со песни во проза на Иво Андриќ од 1920 година.
Содржина Книгата се состои од три дела:Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 83-139. „Немир од векот“ (Nemir od vijeka) „Немир на денот“ (Nemir dana) „Ридови“ (Bregovi)
„Немир од векот“ се состои од седум песни во проза (без наслов), посветени на Бога. Во „Немир на денот“ има пет лирски текстови, насловени како: „Ноќ во возот“ (Noć u vozu), „Над победите“ (Iznad pobjeda), „Деца“ (Djeca), „Погребна песна“ (Pogrebna pjesma) и „Приказна од Јапонија“ (Priča iz Japana). Во првиот текст се опишува патувањето на војниците со воз за време на Првата светска војна; вториот текст има антивоени пораки; третиот текст ги опишува страдањата на децата-сирачиња во август 1917 година; во четвртиот е опишана смртта на непознат крадец; во последната е дадена приказната за поетот Мори Ипо и 350-те учесници во заверата против јапонската царица. Најпосле, „Ридови“ содржат 27 лирски текстови во проза (без наслов) во кои поетот обработува разни теми: ридовите, осаменоста, немирните соништа, душата, спомени од морето, итн.
Наводи
Категорија:Дела на Иво Андриќ Категорија:Српска поезија Категорија:Југословенска поезија Категорија:Книги од 1920 година