Поступано е машко македонско оро, кое кореографски потекнува од Скопско.Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 209-215
Ова е умерено брзо оро кое се игра со бавни чекори. Орото постепено се забрзува, и тогаш се игра со потскокнување. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Ритамот е 13/16.
Надворешни врски Поступано во изведба на „Танец“
Наводи
Категорија:Македонски ора