Бранислав Николов, познат и како Пијан Славеј (1971, Битола) — македонски музичар (член на групата Фолтин) и поет.
Животопис Бранислав Николов е роден во 1971 година во Битола. Средното образование го завршил во училиштето „Јосип Броз Тито“, а некое време студирал француски јазик и француска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.Македонска филхармонија, Murder Ballads. Скопје, 2018.
Музичка кариера мини|Бранислав Николов на концерт во Јавна соба, Скопје, 2.3.2024 Николов е автор и пејач во групата Фолтин. Компонирал музика за театар и повеќе филмови, како: „Cash and Marry“ „Исцелител“, „Honeyland“ итн. На 14 февруари 2018 година, Николов настапил на концертот „Murder Ballads“ во Скопје, заедно со Македонската филхармонија.
Книжевно творештво Покрај со музика, Николов се занимава и со пишување. Објавил четири збирки поезија, "Креветизам и хоризонтала" (2018), "Срчки" (2020), "Полиграф" (2022) и "Јазик за двајца" (2024).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 361. Во 2022 година бил застапен во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ со три творби.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 203-206.
Наводи
Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски писатели Категорија:Фолтин Категорија:Родени во 1971 година Категорија:Луѓе од Битола