Јирген Норберт Клоп (; роден на 16 јуни 1967 година) — германски фудбалски менаџер и поранешен професионален играч кој е актуелен менаџер во Премиер Лигата на тимот на Ливерпул.

Клоп го поминал поголемиот дел од својата 15-годишна играчка кариера во Мајнц 05, пред да стане нивен менаџер со најдолг стаж во период од 2001 до 2008 година, во кој тимот ја доживеал својата промоција во германската Прва Бундес Лига. Во 2008 година, Клоп бил именуван за тренер на Борусија Дортмунд, со кој успеал да ја освои лигата во сезоната 2011 и 2012 година, како и германскиот Куп во 2012, германскиот Супер Куп во 2013 и 2014 година,  како и да го одведе тимот во финалето УЕФА Лигата на Шампионите во 2013 година. Клоп ја освоил наградата за германски фудбалски менаџер на годината во сезоните 2011 и 2012 година, пред да замине од Дортмунд во 2015 со што станал, тренер со најдолг стаж во историјата на клубот. Во октомври 2015 година, Клоп го презел тимот на Ливерпул, и истата сезона го одвел до финалето на Лига Купот на Англија и УЕФА Европа Лига.

Наводи

Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Германски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Тренери од Премиер-лигата Категорија:Германски фудбалски тренери