Истанбулски Сафир — облакодер кој се наоѓа во централната деловна област Левент, во Истанбул, Турција. Од 2016 година, ова е највисоката зграда во Истанбул и Турција. Истанбулски Сафир била четврта највисока зграда во Европа кога нејзината изградба била завршена во 2010 година и прв еколошки облакодер на земјата. Објектот има 54 спрата над нивото на земјата, од кои 47 спрата од објектот се наменети за станбена употреба, голем паркинг простор, трговски центар итн. Објектот може да се пофали со висина од над 238 метри надморска височина, додека зградата има целокупна конструктивна висина од 261 метри, вклучувајќи го и неговиот штит, кој е дел од дизајнот, а не радио антена
Објектот бил дизајниран од страна на компанијата Табанлиоглу, и денеска се состои од луксузни продавници и деловни простории, а е управувана од компанијата Kiler GYO.Во близина на облокадерот поминува Европскиот пат Е80 и мостот Фатих Султан Мехмет. Зградата има директен пристап до станицата на метрото во Левент на улицата Бујукдере, во реонот на Шишли. Наводи
Категорија:Трговски центри во Истанбул Категорија:Шишли (Истанбул)