Џорџино Грегион Емили Вајналдум (роден на 11 ноември 1990 година, во Ротердам) — холандски фудбалер, играч од средниот ред на Ал-Итифак и на холандската репрезентација.

Младински производ на тимот на Фејенорд, Вајналдум станал најмладиот играч кој некогаш дебитирал во клупската историја во 2007 година и настапил на 134 натпревари во текот на петгодишниот период. По неговото заминување од Фејенорд, Вајналдум поминал четири сезони во тимот на ПСВ Ајндховен, каде што тој го освоил холандскиот Куп во првата сезона и првенството во неговата последна. Тој исто така се здобил со наградата, холандски фудбалер на годината во неговото време со ПСВ. Во 2015 година, Вајналдум се приклучил во Премиер Лигата во тимот на Њукасл Јунајтед за £14.5 милиони фунти, но само една сезона подоцна тој заминал од клубот, поради испаѓањето на клубот од лигата, при што се приклучил на Ливерпул за 23 милиони фунти.

Вајналдум исто така има настапено на повеќе од 40 натпревари за репрезентацијата на Холандија, а своето деби го имал во 2011 година, и бил член на тимот кој го освоил третото место во 2014 година ФИФА Светското Првенство.

Ран живот

Наводи

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014 Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Холанѓани со Суринамско потекло Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Њукасл Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК ПСВ Ајндховен Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Луѓе од Ротердам