Вапското движење, (, подоцна Eesti Vabadussõjalaste Liit, vabadussõjalased, или колоквијално vapsid, некој кој бил член на ова движење бил наречен vaps) познато и како Унија на учесниците на естонската војна за независностConclusions of Estonian International Commission for Investigation of Crimes Against Humanity Грешка во шаблонот „Семарх“: Проверете ја вредноста |url=. Празно. — естонско здружение на ветераните на Естонската војна за независност (1918-1920). Подоцна и не-ветерани биле прифатени како помошници-членови. Организацијата била основана во 1929 година, таа се појави како масовно анти-социјалистичко и анти-парламентарно движење. Водачите на ова здружение биле Андрес Ларка (формален водач и претседателски кандидат) и Артур Сирк.
Идеологија Вапското движење беше паравоена анти-социјалистичка организација и најголем дел од нејзиното членство беше пониската средна класа. Таа немала интрикатна идеологија или некаква врска со странски фашистички движења, нивната цел беше едноставно поавторитативна и националистичка влада во Естонија.A History of Fascism, 1914-1945 By Stanley George Payne T. Parming, The Collapse of Liberal Democracy and the Rise of Authoritarianism in Estonia, London, 1975 Лигата ја отфрли расната идеологија и отворено го критикуваше нацистичкиот прогон на Евреите, таа исто така немаше намера да употреби насилство ниту цел за територијално проширување.Marandi, Rein "Must-valge lipu all : Vabadussõjalaste liikumine Eestis 1929-1937. 1. Legaalne periood (1929-1934)" Stockholm : Centre for Baltic Studies at the University of Stockholm, 1991 Сепак, таа била позната по сличностите во однос на некои аспекти со фашистичките движења од тоа време, како што беше носењето на црна беретка и употребата на римскиот поздрав. Умерените членови на движењето, како што бил Јохан Питка, постепено ја напуштале организацијата и беше дозволено нови членови кои не биле ветерани да се приклучат. Организацијата издавала свој весник наречен Võitlus ('Борбата').
Уставни реформи лево|мини|220x220пкс|Состанок на Вапското движење во Перну, Естонија, Артур Сирк дава говор. Во октомври 1933 референдум за уставни реформи, за кој имаше безуспешен обид во 1926 година, беше одобрен од страна на 72.7% од гласачите. Организацијата беше забранета од страна на владата на Јан Тинисон (кој бил против уставните реформи) во рамки на вонредна состојба пред референдумот, но по овој настан организацијата беше повторно воспоставена и дури стана порадикална. Лигата се залагала за замена на парламентарниот систем со претседателска форма на влада и ги постави темелите на претседателските избори од април 1934 година на кои очекувала да победи. Лигата освои апсолутно мнозинство на локалните избори во трите најголеми градови на почетокот од 1934 година, но не и во повеќето рурални самоуправи ниту во малите градови и околии. Неодамна избраниот уставен "државен старешина" (шеф на владата и шеф на државата), Константин Пјатс прогласи вонредна состојба во целата земја (во одредени делови, ова веќе беше во сила од 1918 година) на 12 март 1934 година, распуштајќи го Вапското движење и апсејќи ги неговите водечки личности. Константин Пјатс воспостави умерен режим кој историчарот Ѓорг вон Раух го нарече "aвторитарна демократија". Во 1935 година, Националната асоцијација беше формирана со цел да ги замени политичките партии и серија на државни корпоративни институции беа воведени.
Лигата беше забранета и распуштена во декември 1935 година. На 6 мај 1936 година, 150 членови на лигата излегоа на суд; 143 од нив биле осудени и добиле долги казни затвор. Тие добиле амнестија и биле ослободени во 1938 година, кога лигата веќе го загуби поголемиот дел од својата популарна поддршка. Од 1 јануари 1938 година, новиот устав стапи на сила и ново собранието беше избрано во февруари 1938 година.S. Payne, A history of Fascism, 1914-1945, Routledge, 1995 Новиот устав комбинирал моќен претседател со делумно избран и делумно назначен официјално непартиски парламент.
Симболи мини|220x220пкс| Генералот Андрес Ларка давајќи говор во 1933 година. Членовите на движењето го користеле римскиот поздрав и носеле црни беретки како симболи на нивната верност кон организацијата.
Надворешни односи Тие имале добри односи со финските националистички движења, како Лапуаското движење, Патриотското народно движење и Карелиското академско општество.
Во последно време Јури Лим тврдеше дека ќе го врати оригиналното Вапско движење.Postimees 15 April 2009 22:27: Jüri Liim taastab vapsiliikumise Сепак, тој не доби регистрација и неговата организација е нелегална.
Поврзано
Историја на Естонија
Наводи
Andres Kasekamp. 2000. The Radical Right in Interwar Estonia. London: Palgrave Macmillan,
Надворешни врски
Webpage about Vaps Movement "The radical right in interwar Estonia" By Andres Kasekamp
Категорија:Грешки во предлошката „Семарх“ Категорија:Антикомунизмот во Естонија Категорија:Естонски национализам Категорија:Десничарски партии Категорија:Историја на Естонија Категорија:Националистички партии Категорија:Поранешни политички партии Категорија:Забранети политички партии