Бранка Лазарова Ѓорческа (, - , ) - учесник во НОБ, носител на Партизанска споменица од 1941 година.Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во народноослободителната војна и револуцијата 1941-1945; Марија Јовановиḱ, Институт за национална историја, 1976
Животопис десно|мини|200x200пкс|Бранка Ѓорческа е носител на Партизанската споменица 1941. Таа била монополска работничка. Уште во периодот пред Војната, му припаѓала на напредното работничко движење. Била учесник во Народноослободителната борба од 1941 година. Станала член на СКОЈ од август 1941 година, а во јануари 1942 била примена како член на КПЈ. Носела храна на политичките затвореници и ги организирала младинците да учествуваат во јавното судење на комунистите. Во 1941 година била курир на Месниот Комитет на КПЈ - Штип и ги одржувала врските со Велес. До октомври 1943 година, раководела со скоевска група, кога станала борец на Врањскиот партизански одред. Потоа се се префрлила во Кумановскиот одред во 1943 година. Како истакнат борец и храбра жена била избрана за секретар на Третиот баталјон на СКОЈ во Третата народноослободителна бригада, секретар на бригадниот комитет на СКОЈ во четвртата бригада, секретар на дивизискиот комитет на СКОЈ во 50-та и 51-та девизија.
Како храбар и истакнат борец во Мајската офанзива Ѓорческа била ранета. Иако воен инвалид, учествувала во изградбата на Македонија, заземајќи разни должности. Одликувана е со Орден за храброст, Орден за братство и единство, Орден на Републиката со бронзен венец, Орден на трудот со црвено знаме, Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда.
По ослободувањето станала член на Огласниот комитет во Штип, член на Окружниот комитет на СКОЈ во Скопје, командант на младинската бригада на изградбата на пругата Брчко Бановиќ и организациски секретар на Градскиот комитет на КПЈ во Тетово.
Починала во Тетово на 1 мај 2018 година.02.05.2018 - IN MEMORIAM
Наводи
Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941