Белоградчички Карпи () – група од седиментни карпи составени од песочник и конгломератски формации кои се наоѓаат на западните падини на Стара Планина, во северозападниот дел на Бугарија во близина на градот Белоградчик, по кој и го добиле името. Боите на карпите варираат од црвена до жолта, а во висина некои достигнуваат и до 200 м. Белоградчичките Карпи имаат необични облици, поврзани се со занимливи легенди и често се именувани според луѓето и предметите на кои потсетуваат. На овие карпи расте загрозениот ендемски вид во Бугарија, Hieracium belogradcense. Белоградчички Карпи се главна туристичка атракција во Видинската област.
Географија Белоградчичките Карпи се простираат преку западниот дел на Стара Планина и покриваат површина од околу 50 км2. Се протегаат од селото Рабиша на запад до селото Белотинци на исток.
Централната група од овие карпи се наоѓа во јужниот дел, во непосредна близина на градот Белоградчик. Другата група карпи се наоѓа западно од градот и е опкружена со стрмни падини. Третата група се наоѓа на 4 км источно од градот и ги опфаќа карпите околу Латинската Капија и Липеничката Пештера, додека четвртата група е стационирана меѓу селата Боровица и Фалковец. Петтата група карпи се наоѓа меѓу селата Ѓургич и Белотинци.Belogradchik, Published by the Municipality of Belogradchik, The Council of Tourism in Belogradchik, & The Ministry of Environment and Water, 2009
Геологија Многу од овие карпи со стрмни вертикални падини биле формирани пред неколку стотини милиони години како резултат на природните процеси на ерозија, делувијален процес и други природни фактори.
Во текот на тријаскиот период, овој предел бил под море. Истовремено, уништувањето на пораните палеозојски карпи образувало огромни количини чакал, песок и глина, кои реките ги депонирале во морскиот базен. Седиментот се натрупувал и постепено се формирал дебел слој на конгломерат и песочник.
Во текот на периодот јура, сувата клима и високите температури образувало голема количина железен оксид, што на карпите им ја дало нивната карактеристична црвена боја.Mihaylov, Mihail & Kinka, Belogradchik Rocks and the Fortress, p.2, 2009
Туризам Белоградчичките Карпи се главно туристичко одредиште во северозападниот дел на Бугарија заедно со градот Белоградчик, Белоградчичката твърдина, пештерата Магура и тврдината Баба Вида која се наоѓа во градот Видин.
Бугарскиот комитет за заштита на природната околина ги прогласил карпите за споменик на природата во 1949 година, а во 1987 година се впишани во националниот регистар на природни знаменитости. Во 1984 година Белоградчичките Карпи и пештерата Магура се поставени на привремениот список на Светското наследство на УНЕСКО.http://whc.unesco.org/en/statesparties/bg Тие исто така се во процес на разгледување за статус на геопарк во рамките на Европската мрежа на геопаркови.http://www.globalgeopark.org/english/tabid/111/InfoID/4166/frtid/139/Default.aspx
Во 2009 година, Белоградчичките Карпи беа номинирани во кампањата за Новите 7 светски чуда на природата.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјално семрежно место
Категорија:Географија на Бугарија Категорија:Видин (област) Категорија:Стара Планина