Магурска Пештера или Магурата (од 1942 до 24 октомври 1972 година позната како Рабишка Пештера) – пештера која се наоѓа во северозападниот дел на Бугарија, во близина на селото Рабиша, 25 км од градот Белоградчик во Видинската Област. Површината на пештерата изнесува 82,5 хектари, а просечната годишна температура е 12 °C.

Цртежите во Магурската Пештера се многу слични со цртежите во Мечкината Пештера во Италија и тие цртежи се сметаат за најзначајни уметнички дела на европскиот доцен палеолитски период.

Туристичките посети на пештерата ги организираат вработените во општината Белоградчик, а до 2012 година со пештерата раководел Министерски совет на Република Бугарија. Во 1984 година пештерата влегла во пробниот список на Светското наследство на УНЕСКО.

Опис Се проценува дека пештерата е стара 15 милиони години, а нејзината должина изнесува 2,5 км. Влажноста на воздухот достига и 80%, просечната годишна температура на пештерата е 12 °C, освен една просторија во која температура е секогаш 15 °C. Пештерата е формирана на варовничкиот рид Рабиш, на надморска висина од 461 м. Главниот дел на пештерата е поделен во шест комори со различна големина. Најголемата е наречена Арк, нејзината должина е 128 м, ширината 58 м, додека висината е 21 метар. Во оваа пространа хала се одржуваат музички концерти при прославите на Божик и Велигден. На 3 мај 1960 година, пештерата е прогласена за споменик на природата.

Фауна Во пештерата се пронајдени коски на различни предисториски видови како што се пештерска мечка, пештерска хиена, лисица, волк, дива мачка и видра. Денес, жители на пештерата се скокачи (), како и осум видови лилјаци: Rhinolophus ferrumequinum, Rhinolophus hipposideros, Rhinolophus euryal, шилестоушест ноќник, голем глувчоушест ноќник, мал глувчоушест ноќник, долгопрст ноќник и долгоушест ноќник.

Пештерски цртежи Цртежите претставуваат важни случки на жителите на пештерата Магура: врски церемонии, ловечки сцени и прикази на божества кои се единствена на Балканскиот Полуостров. Цртежите на танци и лов се меѓу најзначајните во пештерата. Во Магура се идентификувани повеќе од 750 слики, кои се поделени во четири тематски групи: антропоморфни, зооморфни, геометриски и симболични. Заради зачувување просторот со цртежите е заграден. Пред 1993 година пештерата не била заштитена и влезот бил бесплатен. Од тие причини, некои од цртежите се оштетени. Пештерата сега е отворена за јавноста во текот на цела година, но цртежите може да се видат само со присуство на туристички водич и плаќање надомест.

Галерија

Наводи

Литература

Надворешни врски

Пештерата Магура на семрежното место на bulgariatravel.org

Категорија:Географија на Бугарија Категорија:Пештери во Бугарија Категорија:Споменици на природата на Бугарија Категорија:Стара Планина