Катедралата „Св. Апостол Андреј“, исто така позната како Катедрала Пицунда или Патријаршијска катедрала () — грузиска православна катедрала која се наоѓа во Пицунда, во Гагриска област, во де факто независна Република Абхазија, меѓународно признаена како дел од Грузија. Катедралата моментално се користи од страна на Абхазиската православна црква и служи како седиште на тоа тело, иако оваа употреба е оспорена од страна на Грузија и се смета за неправилна од страна на источноправославната заедница.
Катедралата Пицунда била изградена кон крајот на 10 век од страна на кралот Баграт III. Служела како седиште на грузискиот православен католикосат на Абхазија до крајот на 16 век, кога Абхазија паднала под османлиска хегемонија. Според францускиот патник Жан Чардин, католикосот кој повеќе не живеел во Пицунда, еднаш годишно ја посетувал катедралата со свикување на епископите и принцовите за да изврши мисаАкты собранные Кавказскою Археографическою Комиссиею (Acts of Caucasian Archeographic Commission), v. 5, pp. 1069-1070, cited by . Катедралата била реконструирена во 1869 година кога Абхазија веќе била дел од Руското Царство.
Основата на катедралата е правоаголна со вкрстена купола, три кораби и три апсиди, обликувани како правоаголник со продолжени полукружни апсиди. Катедралата е препознатлива по својата импресивна големина, достигнувајќи височина од 29 метри (вклучувајќи ја и куполата), долга 37 метри и широка 25 метри, додека ѕидовите се дебели до 1,5 метри. Ѕидовите се составени од наизменични редови од камен и тула, типична техника за доцно-византиската архитектура. Катедралата содржи остатоци од ѕидното сликарство од 13 и 16 век. Грузискиот ракопис од четирите евангелија од 12 век, кој се наоѓал во катедралата од 1830 година, сега се чува во Грузискиот национален центар на ракописи во Тбилиси.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Photos of the Pitsunda Cathedral Photos and background information Organ of Pitsunda. Official site
Категорија:Грузиски православни катедрали Категорија:Цркви од 10 век