Кава или кава-кава (Piper methysticum) е растение кое потекнува од западните тихоокеанските острови.

Името кава(-кава) доаѓа од тонганскиот и маркискиот јазик, со значење „горчлив“.

Корењата од растението се користат за производство на пијалак кој има седативни, анестетични, еуфориантни, и ентеогенични особини. Кавата се конзумира низ разните култури во Полинезија, вклучувајќи ги Хаваи, Вануату, Меланезија и некои делови на Микронезија за нејзините седативни ефекти. Нејзините активни компоненти се нарекуваат кавалактони.

Наводи

Категорија:Анксиолитици Категорија:Пиперовидни Категорија:Лековити растенија Категорија:Ентеогени