Химната на Косово или „Европа“ — државна химна на Република Косово"Kosovo Parliament Adopts National Hymn" novinite.com 11 June 2008 Link accessed 11/06/08. Химната била составена од Менди Менѓиќи. Како и со националните химни на Шпанија, Босна и Херцеговина и Сан Марино"Kosovo parliament approves new national anthem" rian.ru 11 June 2008 Link accessed 11/06/08"Kosovo MPs choose national anthem" bbc.co.uk 11 June 2008 Link accessed 11/06/08, и косовската химната нема официјални стихови, туку за неа се напишани неофицијални текстови. Химната била усвоена на 11 јуни 2008 година"Kosovo Gets National Anthem" redorbit.com 11 June 2008 Link accessed 11/06/08, и била специјално избрана бидејќи не содржи наводи за било која специфична етничка група која живее во земјата. Химната била избрана од страна на Собранието на Косово, со 72 пратеници кои гласале за, додека 15 гласале против, а петмина гласале воздржани"Assembly approves Kosovo anthem" b92.net 11 June 2008 Link accessed 11/06/08.
Конкурс за химна
На 12 март 2008 година, Собранието на Косово објавил отворен конкурс за избор на химна преку приштинските весници и на официјалното мрежно место на Собранието. Правилата вклучувале:
„Составот на химната треба да се разликува, односно треба да биде уникатен и оригинален“. „Должината на композицијата не треба да трае помалку од 30 секунди или повеќе од 60 секунди“. „Текстовите можат да се вклучат во пријавата на кој било службен јазик на Република Косово“. Изборот на текстот за химната бил тешка задача, бидејќи мнозинството од населението во Косово се Албанци, а Србите се втора по големина етничка група. Владата нагласила дека ниту една етничка група не треба да биде дискриминирана, објавувајќи ја државата како „демократска, секуларна и мултиетничка република“, со што се отежнало да се најде текст кој не им дава предност на една етничка група врз друга. Слични проблеми се појавиле и при изборот на знамето. Понатаму, правилата, исто така, наведувале дека предлогот „Не треба да се презентира или да биде сличен на химната или популарна песна на која било земја или химната на која било политичка партија, движење или институција на Република Косово или да имплицира каква било верност кон која било етничка заедница на Република Косово“. „Предлозите мора да бидат доставени до 31 март 2008 година“. „Композиторот на усвоениот проект ќе добие 10.000 евра, а два други квалификувани предлози ќе добијат 7.000 евра и 5.000 евра“.
Предложени текстови Албанско (гегиско наречје) МакедонскиO mëmëdhe i dashur, vend i trimnisë Çerdhe e dashurisë N`ty shqipet fluturojnë dhe yjet ndriçojnë Vend i të parëve tonë
Ti qofsh bekue për jetë e mot O nënë e jonë Ne të dalim Zot
O mëmëdhe i dashur, vend i trimnisë Çerdhe e dashurisëО, мила татковино, земја на храброста Гнездо на љубовта На вас орлите летаат и ѕвездите сјаат Земјата на нашите предци
Биди благословен за животот и годините О, наша мајко Ние ќе те заштитиме
О, мила татковино, земја на храброста Гнездо на љубовта
Други кандидати за химна
Ода на радоста
„Ода на радоста“, химната на Европската Унија, се пуштала на официјалните церемонии при прогласувањето на независноста на Република Косово. Привремената влада на Косово одлучила да го стори тоа како почит кон Европската Унија за нејзините напори да помогне во стекнувањето независност.
Химна на Албанија
Државната химна на Албанија се користи во Косово заедно со други албански национални симболи. Оваа химна била исто така химната на непризнаената Република Косово која постоела од 1990 до 1999 година кога провинцијата била под контрола на Обединетите нации.
Кур ка ра куштрими Косове
Оваа песна, составена од Рауф Думи, била предложена од страна на поранешниот претседател на Косово, Ибрахим Ругова, како химна во 2000 година. Сепак, не била донесена одлука тогаш. Химната има стихови на албански јазик.
Поврзано a.
Наводи
Надворешни врски Complete official rules of the competition Reuters video news report about the competition Orchestral Version of Kosovo National Anthem Sheet Music
Категорија:Национални симболи на Косово Категорија:Косовска музика Категорија:Национални химни