мини|266x266пкс|Бајадера од Краш Бајадера — чоколаден десерт кој е збогатен со мелени бадеми, лешници или ореви, што ѝ дава на бајадерата специфичен и препознатлив вкус.

Подготовка Постојат повеќе рецепти за подготовка на бајадера. Според еден од нив се користат овие состојки:

½ kg шеќер 1 dl вода 250 g мелени ореви (бадеми или лешници) 200 g мелени бисквити 150 g маргарин 100 g чоколадо за готвење

За подготвка на глазура потребни се овие состојки:

100 g на маргарин 150 g на чоколадо за готвење 2 лажици млеко.

За приготвување потребно е да се зоврие смеса од шеќер и вода, потоа се тргнува од оган и се додава смеса од мелени ореви (лешници или бадеми), мелени бисквити и маргарин. Половината од смесата се става во плиток сад, а во другата половина се додава 100 g истопено чоколадо, и се прелива врз првата половина. На крај целиот десерт се прелива со глазура од чоколадо.

Хрватска традиција Бајадерата е хрватски производ кој најмногу е поврзан со фабриката на кондиторските производи Краш д.д. од Загреб, бидејќи оваа компанија со својот бренд, бајадера, се проби и на домашниот и на светскиот пазар, како со квалитетот така и со уникатноста на производот, за кој е добитник на бројни национални и меѓународни признанија. Бајадерата е препознатлива и признаена како бренд од прва класа, кој е направен од најквалитетни состојки од строго контролирано потекло. Овој десерт, покрај уживањето при консумацијата, е исто така и нутриционо здрав производ, бидејќи состојките, лешници и бадеми, го намалуваат нивото на холестерол, а содржат и прехранбени влакна, на тој начин превенирајќи кардиоваскуларни болести. Зголемениот интерес за овој кондиторски производ бара и трајно вложување во современата технологија на производство и проширувањето на фабричките капацитети.

Поради постојаноста на квалитетот, препознатливоста на брендот, позитивните оценки од домашните и од странските потрошувачи, фабриката Краш д.д. ја добила ознаката "Изворно хрватско" како прв производ на кондиторската индустрија во Хрватска.

Наводи

Надворешни врски Бајадера од Краш (хрватски) Машина за пакување на Бајадера (хрватски) Друг рецепт за бајадера (хрватски)

Категорија:Десерти Категорија:Хрватска кујна Категорија:Краш Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Колачи