Новодвурски Округ () — округ во Мазовското Војводство, средна Полска. Настанал на 1 јануари 1999 г. како последица од законските измени на месната управа донесени претходната година. Седиште и најнаселено место е градот Нови Двур Мазовјецки, кој се наоѓа на северозападно од Варшава. Други поголеми населени места се Нашелск ( североисточно од Нови Двур М.) и Закрочим ( на запад од Нови Двур.
Во округот е сместен аеродромот „Варшава-Модлин“.
Во 2016 г. округот зафаќал површина од и имал 79.024 жители, од кои 39.907 (50,5 %) градско, а 39.117 (49,5 %) селско население.Новодвурскиот Округ во броеви (31 декември 2016 г.) — Полска во броеви
Соседни окрузи Новодвурскиот Округ се граничи со следниве окрузи: Пултускиот на североисток, Легионовскиот на исток, Западноваршавскиот на југ, Сохачевскиот на југозапад и Плоњскиот на северозапад.
Поделба
Округот се дели на шест општини (една градска, две градско-селски и три селски). Тие се следниве:
ОпштинаВидНаселение(2006)Површина(км2)СедиштеЗакрочимградско-селска6.27771,4ЗакрочимЛеонќинселска5.092158,8ЛеонќинНашелскградско-селска19.259202,5НашелскНови Двур Мазовјецкиградска27.54528,3 —Помјехувекселска8.820102,3Броди-ПарцелеЧоснувселска8.743128,3Чоснув
Наводи
Надворешни врски
Матична страница на Новодвурскиот Округ
Категорија:Окрузи во Мазовското Војводство