мини|Добривое Радосавлевиќ во 1956 година Добривое Радосавлевиќ – Боби (Књажевац, 28 јануари 1915 – Белград, 4 април 1984) — српски комунист, учесник во НОБ. По ослободувањето е прогласен за народен херој.
Член на КПЈ од 1933 година. Во 1934 година е уапсен и осуден на три-годишна робија, која ја издржува во Сремска Митровица. На почетокот на вооруженото востание, во јули 1941 година, како инструктор на Покраинскиот комитет на КПЈ за Србија, работел на организирање на првите партизански одреди во Тимочката краина, а потоа ЦК КПЈ го испраќа за инструктор во Македонија. Во Македонија доаѓа на 25 август 1942 годинаИсторијско одељење Централног комитета КПЈ, „Историјски архив Комунистичке партије Југославије“, Београд, 1951, том VII, 401 стр. и останува до крајот на војната.
По војната е во врвот на српското партиско раководство, а во периодот септември 1966 - февруари 1968 година е претседател на ЦК на Сојузот на комунистите на Србија.
Наводи
Категорија:Српски комунисти Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Југословенски партизани Категорија:Јунаци на социјалистичкиот труд Категорија:Делегати на АВНОЈ Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград) Категорија:Починати во Белград