Финале на УЕФА Лигата на шампиони во 2014 — финалниот натпревар на УЕФА Лигата на Шампоните во сезоната 2014-15 година, односно 59-та сезона на Европскиот премиерен клупски фудбалски турнир организиран од страна на УЕФА, или 22-та сезона на УЕФА Лигата на Шампионите, бидејќи натпреварувањето било преименувано од Куп на Европски Шампиони во Лига на Шампиони.
Натпреварот се одиграл на 24 мај 2014 година, на Стадионот Луж во Лисабон, Португалија, меѓу шпанските клубови Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Тоа било петто финале каде што се сретнале две екипи од иста асоцијација, и прво финале на шпански екипи од ист град. Реал Мадрид победил на натпреварот со резултат од 4-1 по продолженијата, со головите од Герет Бејл, Марсело и Кристијано Роналдо, по израмнувачкиот гол на Серхио Рамос, во 93-та минута. Разултатот бил отворен од страна на Диего Годин во првото полувреме. Со оваа победа, Реал Мадрид ја освоил јубилејнта 10 титула во ова натпреварување, 12 години по нивната деветта победа. Место
Стадионот Луж во Лисабон, Португалија, бил избран за место на одигрување на натпреварот за Финалето на Лигата на шампионите во 2014 година на УЕФА состанокот на Извршниот Одбор одржан во Истанбул, Турција, на 20 март 2012 година.
Наводи
Категорија:Финалиња на Лигата на шампионите