Ак Барс Арена (; ), порано позната како Казањ Арена — стадион кој се наоѓа во Казањ, Русија.

Особености

Површина на стадионот: 28 хектари Сместивост: 45.379 гледачи Површина на објектот: 73,330 m² Вкупна површина на објектот: 135.967 m² Паркинг: 6.285 места Фудбалско поле: 9000 m², 105 mx 68 m

Историја На 5 мај 2010 година, рускиот претседател Владимир Путин поставил камен темелник на стадионот. Комплесот бил завршен во рекордно време - 36 месеци подоцна, во мај 2013 година, станувајќи првиот стадион изграден за Светското првенство 2018 во Русија.

Неговата сместивост е 45.379 гледачи. Со неговото отворање, стадионот го заменил Централниот стадион како главен фудбалски стадион во Казањ.

Архитектонскиот концепт на стадионот е дизајниран од страна на компанијата Populous. Според планот на главниот дизајнер Дејмон Лавел, стадионот е единствен одговор на локалната култура и место.

Стадионот во текот на своето постоење е најчесто домаќин на фудбалски натпревари, односно своите домашни натпревари на стадионот ги игра екипата на ФК Рубин Казањ. Освен тоа, стадионот бил домаќин на неколку меѓународни настани, како Летна универзијада - 2013, на Купот на конфедерации во 2017 година, а ќе биде домаќин и на натпревари од Светското првенство во фудбал во 2018 година. Казањ Арена, исто така, бил домаќин на Светското првенство во водени спортови во 2015 година.

Првиот фудбалски натпревар на стадионот бил одигран на 17 август 2014 година помеѓу ФК Рубин Казањ и ФК Локомотив Москва (1:1). Првата победа на новиот стадион ФК Рубин ја остварил на 23 август во натпреварот од 5-тиот круг од првенството на Русија, победувајќи го актуелниот шампион во тоа време - ПФК ЦСКА Москва (2: 1). На 5 ноември 2015 година на стадионот бил одигран првиот натпревар од Лига Европа против ФК Ливерпул. Од 17 јуни до 2 јули 2017 година, на стадионот во Казањ Арена се одржале четири натпревари од Купот на Конфедерации 2017, посетувајќи го повеќе од 150.000 гледачи.

Натпревари Куп на конфедерации 2017

ДатаВремеЕкипа #1РезултатЕкипа #2КругПосетеност18 јуни 201718:00 2–2 Група А 34,37222 јуни 201721:00 1–1 Група Б 38,22224 јуни 201718:00 2–1 Група А 41,58528 јуни 201721:00 0–0 (0–3 p) Полуфинале 40,855

Светско првенство 2018

ДатаЕкипаЕкипа#1РезултатЕкипа #2КругПосетеност16 јуни 201813:00 – Група Ц20 јуни 201821:00 – Група Б24 јуни 201821:00 – Група Х27 јуни 201817:00 – Група Ф30 јуни 201817:00 Победник од група Ц – Втор од група Д Осмофинале6 јули 201821:00 Победник од натпревар 53 – Победник од натпревар 54 Полуфинале

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Изградба на стадионот Слики од стадионот на Sports.ru

Категорија:Фудбалски стадиони во Русија Категорија:ФК Рубин Казан Категорија:Спортот во Казањ Категорија:Стадиони за Светското фудбалско првенство - 2018