мини|десно|Дом на творештвото во Швиноујшќе. мини|десно|Институтот за биологија на цицачите во Бјаловјежа. Полска академија на науките или ПАН (, PAN) — државна установа во Варшава посветена на развојот на нуката во Полска и нејзино промовирање преку мрежа од истакнати научници.
Историја ПАН е основана во 1951 г. со одлука на владата на НР Полска, спојувајќи повеќе научни друштва како Полската академија на знаењето (Polska Akademia Umiejętności, PAU) од Краков и Варшавското друштво на пријателите на науката, основана кон крајот на XVIII век.
Со академијата управува тело од академици кои работат во нејзините институти, како и поединечни стручни комисии. ПАН раководи со работата на поголем број на научноистражувачки институти со преку 2.000 лица. Средствата за работа на институтите доаѓаат од полската држава, која им посветува една третина од буџетот предвиден за научни дејности.Ustawa z dnia 30 kwietnia 2010 r. o Polskiej Akademii Nauk.
Институти ПАН има голем број институти, меѓу кои и следниве:
Институт за историја на науките — Варшава Институт за економија — Варшава Институт за биологија на цицачите — Бјаловјежа Институт за математика — Варшава Институт за опитна биологија „Марцелиј Ненцки“ — Варшава Институт за физичка хемија — Варшава Институт за агрофизика „Богдан Добжањски“ — Лублин Центар за молекуларни и макромолекуларни изучувања — Лоѓ Институт за основни технички проблеми — Варшава Институт за металургија и материјално инженерство „Александар Крупковски“ — Краков Институт за фармакологија — Краков Институт за информатика — Варшава Музеј и институт за зоологија — Варшава
Периодика Академијата ги издава слединве стручни списанија:
Acta Arithmetica Acta Ornithologica Acta Palaeontologica Polonica Acta Physica Polonica Annales Zoologici Archaeologia Polona Fundamenta Mathematicae
Поврзано Полска академија на знаењето
Наводи
Надворешни врски
Полска академија на науките
Полска академија на науките Категорија:Национални академии Категорија:Научни друштва во Полска