десно|рамка|Витепската епархија на мапата на Белорусија Витепската епархија (белоруски:Віцебская дыяцэзія, латински:Dioecesis Vitebscensis) — католичка епархија (диоцеза) во Белорусија со центар во градот Витебск. Витепската епархија на вклучена во Минско-Могиљовската архиепископија. Светец заштитник на епархијата е Свети Јосафат Кунцевич.

Историја На 13 октомври 1999 година, папата Јован Павле II ја издал  булата "Ad aptius consulendum", основајќи ја Витепската епархија со тоа што таа била одделена од Минско-Могиљовската архиепископија.

Епистолскиот стол до јуни 2011 година бил во Катедралата на Св. Барбара во Витебск. На 18 јуни 2011 епископскиот стол беше свечено префрлен во новоизградената витепска Катедрала на Исус Милостив.В Витебске — новый костел Иисуса Милосердного теперь будет носить статус кафедрального собора.

Од своето основање до 23 февруари 2013, на чело на епархијата беше епископот Владислав Блин.

На 29 ноември 2013 година папата Франциск го има назначено Олег Буткевич како нов епископ на Витебск.

Епископи на епархијата

Епископ Владислав Блин (13.10.1999 — 23 февруари 2013); Епископ Олег Буткевич (29 ноември 2013 — денес).

Структура Таа ја зафаќа територијата на Витепската област, епархијата е суфраган во однос на Минско-Могиљовската архиепископија.

Деканати Бреславски Видски Витебски-северен Витебски-југжен Глубокски Докшицки Лепељски Миорски Оршански Полоцки Поставски Шарковшчински

Статистика При крајот на 2014 година католиците биле 12.0 % од вкупното население на територијата на епархијата.

Наводи

Извори

Annuario Pontificio, Libreria Editrice Vaticana, Città del Vaticano, 2003, ISBN 88-209-7422-3 Bulla Аd aptius consulendum(латински)

Надворешни врски

Официјално мрежно место На епархија на мрежната страница на Католичката црква во Белорусија Статистика catholic-hierarchy.org(англиски) Статистика gcatholic.org(англиски)

Категорија:Статии со надворешни врски на латински Категорија:Статии со надворешни врски на англиски Категорија:Витепска област Категорија:Католицизмот во Белорусија