мини|Спомен-плоча на улицата Меркелштрасе во Берлин, местото на поранешното ателје на Хекел

Ерих Хекел (, Дебелн Саксонија, 1883 — Хеменхофен, Боденско езеро, 1970) бил германски сликар и графичар и еден од претставниците на експресионизмот. После завршените студии за архитектура, се образувал како самоук сликар при што врз него значајно влијаеле Винсент ван Гог и фовистите. Во 1905 година заедно со колегите од студиите основал во Дрезден група на уметници Мост (германски Die Brücke). Во изработките од овој период нанесувал на платно светли, интензивни бои пастозно, главно во аглести облици (Мома која лежи, 1909).

Кога групата се разишла во 1913 го ублажил интензивниот колорит и давал предност на темнозелената палета на бои (Актови на плажа, 1913). Стравотиите во Првата светска војна кои како војник на санитети ги видел во Фландрија, уметничко ги обработил на литографија и дрворез. Дваесеттите години на XX век почнал да се одвојува од експресионизмот и да ги презема елементите на Нова стварност, а сликањето пејзажи дошло во центар на неговиот интерес. Во годината 1937 забранет е како дегенеричен. Од 1949 до 1955 предавал на Академија во Карлсруе. Неговото позно дело го карактеризира хармонично-лирска мртва природа со цвеќе.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1883 година Категорија:Починати во 1970 година Категорија:Германски сликари Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Носители на Заповедничкиот крст на Орденот за заслуги за СР Германија