Лилјана Зенделска ( во ) — македонска оперска и концертна певица, сопран и првенка на Операта на Македонскиот народен театар.
Животопис
Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 1973 година кај професорот К. Трпков. Таа е член на солистичкиот состав на Операта на МНТ од 1975 до 2005 година и носител на драмскиот и младодрамскиот сопрански фах со позначајни остварувања:
Аида; Леонора (Трубадур); Тоска; Амелија (Бал од маски) Сантура (Кавалерија рустикана); Мими (Боеми); Чо-Чо Сан (Мадам Бетефлај) Ѓула (Еро од оној свет); Маргарита (Фауст); Марженка (Продадена невеста); Грозда (Б. Трајков, Бразда).
Гостувала во Канада, Полска, Италија, Турција Чешка.
Наводи
Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Македонски оперски пејачи