Вангелија Десподова (р. , во Галишта) — македонски филолог и научен советник во Институтот за старословенска култура од Прилеп.
Животопис
Вангелија Десподова е филолог и научен советник во Институтот за старословенска култура од Прилеп во пензија. Таа како дете бегалец живеела во Чехословачка од 1948-1958 година. Таму го завршила основното образование и класична гимназија. Во 1958 година таа дошла во Скопје каде што дипломирала на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет (1963). Магистратурата, која ја завршила на истиот факултет ѝ била на тема „Лексиката на Добромировото евангелие“ (1973), додека докторатот на темата „Јужнословенскиот полн апракос“ (1981). Од 1964 до 1986 година, таа била асистентка, научна и виша научна соработничка во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Била повеќегодишна лекторка на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а една година и лекторка по македонски јазик на Летната школа на Универзитетот во Загреб. Била член на Македонскиот славистички комитет (1983-1993), Балканолошкиот совет при МАНУ и Редакцијата на списанието „Balcanoslavica“. Објавени ѝ се 160 стручни и научни трудови, од кои 15 монографии (самостојно или како соавтор).
Наводи
Категорија:Луѓе од Галишта Категорија:Македонски филолози Категорија:Југословенски филолози Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Деца бегалци