Смилја Конеска ( во ) — македонска физичарка и универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Животопис

Дипломирала (1954) на Филозофскиот факултет на Групата за физика. Магистрирала на ПМФ во Загреб од областа на јадрената физика. Докторирала (1979) на ПМФ со „Термодилатациона студија на легури на антимон и цинк“. Специјализирала во Трст и во Копенхаген. Го вовела предметот „јадрена физика“ на ПМФ, подготвила лабораториски практикум за него и учебник („Јадрена физика“, со Д. Гершановски, 1998). Објавувала во Македонија и во странство главно за својствата на легурите. Била декан на Факултетот за физика (1981-83).

Наводи

Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски физичари Категорија:Македонски универзитетски професори